fbpx

Вработување во јавниот сектор: Колку понепрецизни норми, толку поголем простор за самоволие

-

Постои сериозна неконзистентност во легислативата за вработување во јавниот сектор, што остава голем простор за дискрециско одлучување, предупредуваат невладината „Транспаренси интернешнл – Македонија“ и Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), кои спроведуваат проект за проценка на ранливост од корупција во политиките и постапките за вработување во јавниот сектор. Само во прелиминарната анализа на 19 закони, двете институции откриле 46 точки на ранливост од корупција.

– Постапките за вработување во јавниот сектор се сериозно ранливи на корупција. Колку понепрецизни се прописите, толку поголем простор за корупција, Има сериозна неконзистентност на закони, различни решенија во системски и други закони, неутврдени критериуми… – вели Софка Пејовска Дојчиновска од ДКСК.

Меѓу „вградените маани“ на законите, во анализата се посочуваат неколку со кои се остава простор за произволно вработување во државни и јавни институции. На пример, во Законот за здравствена заштита биле утврдени невоедначен или неунифицирани критериуми на основа на кои се укажува на реалната потреба за нови вработувања во здравствените установи, односно непостоење на услов за установите да ја образложат потребата од нови вработувања.

„Тоа може да се одрази на превработеност во одредени здравствени установи, а во други да има недостаток“, се заклучува во анализата, која препорачува потребата за нови вработувања да се заснова на подзаконски акти за внатрешна организација и систематизација или на годишен план за вработувања.

Покрај тоа, овој закон дозволува и злоупотреба на вработувањата на определено време, а не е пропишан ниту составот на комисијата за селекција на кандидати, утврдила анализата.

Сличо дискрециско право овозможува и Законот за социјална заштита, каде не е прецизирано како се утврдува потребата за нови вработувања. Анализата потсетува дека годишниот план за вработувања,пак, е законска обврска според Законот за вработените во јавниот сектор.

– Сите неопределени норми овозможуваат дискреционо одлучување – вели Слаѓана Тасева, претседателка на „Транспаренси интернешнл – Македонија, која нагласува дека препораките од анализата ќе бидат основа за акциски план за Стратегијата за борба против корупцијата, која ја подготвува ДКСК.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...