Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои во западните делови ќе бидат пообилни, локално над 20 литри на метар квадратен. Во вечерните часови врнежите ќе престануваат, а облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Утринската температура ќе се движи од девет до 14, а дневната од 11 до 19 Целзиусови степени.
Во Скопје претежно облачно со слаби врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 17 Целзиусови степени.
Во вторник и среда ќе настапи стабилизирање на времето со пораст на дневната температура. Од четврток повторно ќе биде променливо облачно со локален дожд