fbpx

Судски совет: Нема законски услови за избор на нов претседател на Врховниот суд

-

Судскиот совет на Северна Македонија, речиси два месеци по разрешувањето на Јово Вангеловски, сè уште не објавил конкурс за нов претседател на Врховниот суд, пренесува „Порталб.мк“.

Од 10 септември, функцијата в.д. претседател на највисокиот суд во земјата, и понатаму ја врши Фаик Арслани. Судскиот совет смета дека сè уште нема законски услови за објавување оглас за нов претседател.

„Кога ќе се создадат законските услови, веднаш ќе биде објавен оглас за Претседател на Врховниот суд“, велат од Судскиот совет за „Порталб.мк“.

Од друга страна, Вангеловски има поднесено две жалби за неговото разрешување.

Тој побарал повторно да се разгледа одлуката за суспензија, иако според извори во Советот нема право на тоа. Со оваа одлука, Вангеловски беше привремено отстранет од функцијата судија и од функцијата претседател на суд, со што практично му е забрането и да влезе во зградата на судот.

По однос на поднесената жалба во врска со решението за разрешување, таа ќе биде упатена до Врховниот суд, кој треба да формира комисија од тројца судии од Врховниот суд, по еден од четирите апелациони судови и двајца судии од матичниот суд на разрешениот судија.

Доколку се прифати жалбата на Вангеловски, случајот ќе биде вратен во Судскиот совет, кој повторно ќе треба да донесе одлука за негово разрешување.

Според Законот за судови, претседател на суд се избира од редот на судиите на Северна Македонија, како што се избира судија во соодветен суд, во овој случај, во Врховниот суд.

Претседателот на Врховниот суд се избира за време од четири години, со можност да биде избран повторно за уште четири години.

За претседател на судот се избира судија кој во последните две години од Судскиот совет е оценет со повисока позитивна оценка, а има поголем број на поени во споредба со останатите кандидати, во согласност со законот.

Огласот за избор на претседател на судот, Судскиот совет на Северна Македонија го објавува два месеци пред истекот на мандатот на претседателот на заминување. Од најавените кандидати кои ги исполнуваат потребите и условите, Судскиот совет го избира Претседателот на судот најдоцна до два месеца по објавувањето на огласот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...