fbpx

Судскиот совет да внимава, новиот претседател на Врховен суд да учи од грешките на Вангеловски

-

Правните експерти очекуваат Судскиот совет конечно да се подобри, а новиот претседател на Врховниот суд, кој и да биде тоа, да не ги повтори грешките на неговиот претходник, Јово Вангеловски. Тој беше разрешен од функцијата затоа што доверената задача ја извршувал несовесно и непрофесионално, пишува Порталб.мк.

-Ова е многу клучен и специфичен момент, кога треба да се покаже дека институциите за нивни раководители можат да изберат професионалци, а не послушници. Судскиот совет треба да се реши за лице кое работата ќе треба да ја извршува професионално. Има такви луѓе, има судии кои можат да го сторат тоа. Претседателот треба да биде избран според професионализам, а не според врските што може да ги има со политичките партии – вели правниот експерт Беса Арифи, надевајќи се дека времињата се сменети и дека сега можеби судиите кои се дел од Судскиот совет ќе бидат послободни да изберат соодветна и професионална личност.

Од друга страна, претседателката на Институтот за човекови права, Маргарита Цаца-Николовска истакнува дека новиот претседател на Врховниот суд треба да биде избран врз основа на критериумите утврдени во Законот за судовите, а новиот претседател треба да учи од грешките на другите.

-Се надевам дека, ако ништо друго, следниот претседател ќе извлече поуки од сите состојби во државата, од сите оние критики што се упатени за да не се повторат. Треба да се почитуваат критериумите утврдени во Законот за судовите. Поентата е дека уште не можеме да знаеме како некој ќе се однесува откако ќе ја преземе функцијата. Доколку потоа има проблем, во тој случај ќе следи постапка за проценка на неговата работа и постапка за разрешување. Би сакала да имаме претседател на Врховниот суд, како што треба, во согласност со критериумите, меѓутоа многу е важно кој ќе се пријави и треба да се има предвид дека претседателот се избира од редот на постојните судии “, вели Цаца-Николовска.

Инаку, Фаик Арслани и понатаму ќе биде вршител на должноста претседател на Уставниот суд, бидејќи Судскиот совет се уште не го објавил огласот за избор на нов претседател.

Разрешувањето на Вангеловски се случи поради поради нестручно и несовесно вршење на функцијата. Тоа најмногу се должи на непритворањето на бизнисменот Сеад Кочани во предметот „Трусt” на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Со Вангеловски беа разрешени уште двајца врховни судии, кои заедно надгласаа двајца колеги во Кривичниот совет на Врховниот суд, со што му укинаа притворот на Сеад Кочан, кој тогаш беше бегалец.

Јавноста го слушна Вангеловски во бомбите, како мести еден судски предмет со поранешниот министер Миле Јанакиески. Во посебен извештај, и специјалната обвинителка Катица Јанева го посочи како судија што врши партиско влијание и спроведува директиви. Вангеловски му беше кум на поранешниот претседател на Собранието, односно пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Велjaноски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...