среда, 22 април, 2026
Meta.mk

Ознака: сеад кочан | 76 резултати

Бизнисменот Кочан треба веднаш да се јави во затвор, жалбата за одложување му е одбиена

јули 30, 2019

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје ја одби жалбата на бизнисменот Сеад Кочан како неоснована и го потврди решението на судијата за извршување санкции, според кое осуденото лице е должно веднаш да се јави на издржување на затворската казна. -Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје, постапувајќи по жалба изјавена против решение […]

ААВМУ ќе ѝ ја одземе дозволата на „ТВ Нова“

август 16, 2018

Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) до Советот на агенцијата ќе поднесе предлог за одземање на дозволата за телевизиско емитување на телевизијата „Нова“, која е речиси два месеци во стечај. Според дневниот ред на утрешната седница на Советот на ААВМУ, тоа би можело да се случи и утре. Според Агенцијата, телевизијата […]

Бубевски: Му честитам на Судот за конфискацијата на имотот во „Труст“

јули 20, 2018

Јавниот обвинител од Специјалното јавно обвинителство, Гаврил Бубевски рече дека е задоволен од пресудата во случајот „Труст“ со која на обвинетите Сеад Кочан и Василие Авировиќ им се изрекуваат затворски казни од шест години за првиот и три години затвор за второобвинетиот. Бубевски ја поздрави и одлуката на судот да го конфискува имотот и рече дека нема […]

Сеад Кочан доби шест години затвор за „Труст“, Авировиќ три години

јули 20, 2018

Шест години затвор доби бизнисменот Сеад Кочан, а три години затворска казна доби Василије Аврировиќ, одлучи судијката Лидија Трајковска-Зимбовска во случајот „Труст“ на СЈО, во кој тие беа обвинети дека формирале конзорциум и со лажни документи добиле тендер за ископ на јаловина во РЕК Битола. Третообвинениот во предметот Сафет Ватиќ е ослободен од обвинението, како […]

Завршува судењето за „Труст“, Кочан, Авировиќ и Ватиќ ќе ги слушнат пресудите

јули 20, 2018

Судијката Лидија Трајковска-Зимбовска, која е претседател на судечкиот совет за предметот на СЈО „Труст“, денеска треба да ја објави пресудата за обвинетите во овој случај. Обвинетите Сеад Кочан, Василије Авировиќ и Сафет Ватиќ пред Судот се изјаснија дека не чувствуваат вина за делото за кое се товарат. Кочан во завршните зборови рече дека не се […]

Заврши судењето за „Труст“, пресудата в петок

јули 17, 2018

Со завршни зборови на тројцата обвинети во процесот „Труст“, кој го води Специјалното јавно обвинителство, денеска судењето заврши, а в петок треба да биде изречена пресудата. Во Кривичен суд Скопје денеска завршни зборови дадоа Сеад Кочан, Василије Авировиќ и Сафет Ватиќ, обвинети за учество во местење на тендер на „ЕЛЕМ“, за ископ на јаловина од […]

TВ „Нова“ оди во стечај

јуни 27, 2018

Телевизијата „Нова“ на Сеад Кочан, која важеше за блиска до власта во периодот на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, и официјално е во стечај. Одлуката за отворање стечај на Основен суд Скопје 2 е објавена денеска во весниците, a е донесена во петокот. Предлогот за отворање стечај е на група доверители застапувани од адвокатско друштво „Бона Фиде“ […]

Денеска пресуда во „Триста“ за Ѓоко Поповски

мај 22, 2018

Во Основен суд Скопје 1 денеска треба да биде прочитана пресудата за предметот „Триста“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), во кој обвинет е поранешниот помошник-министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски. Тој се товари за злоупотреба на службена должност во врска со јавната набавка на 300 возила за МВР. Поповски пред Судот на минатото рочиште кажа […]

Денеска во суд ќе се слушаат снимките за „она на М“

април 10, 2018

Во Основен суд Скопје 1 денеска треба да се одржат судења за предметите „Труст“ и „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). На рочиштето за „Тенк“ треба да бидат слушани цедеата со снимките од прислушуваните разговори, како и да бидат сослушани тројца сведоци на обвинението, обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи […]

Во Кривичен рочишта за „Труст“, „Трезор“ и „Тарифа“, се очекуваат Мијалков и Кочан

март 29, 2018

Во Кривичниот суд денеска ќе се одржат три судења за случаи на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Во 10 часот ќе почне судењето за случајот „Трезор“, во кој е обвинет поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, половина час подоцна ќе почне судењето за „Труст“, во кое обвинет е бизнисменот Сеад Кочан, […]

Продолжуваат судењата за нападот врз Села на 27 април и на Кочан за „Труст“ на СЈО

февруари 20, 2018

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето на десетмината обвинети за обид за убиство на лидерот на Алијанса за Албанците и пратеник Зијадин Села за време на насилствата во Собранието од 27 април, минатата година. На денешното рочиште треба да бидат сослушани тројца вештаци. Инаку, вчера пред судот сведочеше Села, кој разкажа […]

Судењето за „Труст“ одложено за 20 февруари, се разболе адвокатката на Авировиќ

февруари 13, 2018

Денешното рочиште од судскиот процес за случајот „Труст“, во кој првообвинет е бизнисменот Сеад Кочан се одложи, бидејќи во Кривичниот суд не се појави адвокатката Сања Алексиќ, која го брани второобвинетиот Василије Авировиќ. Причина за денешното отсуство е тоа што адвокатката се разболела, а за тоа ја известила и судијката, која следното рочиште го закажа […]

Јанакиески и Кочан денеска во суд за „Топлик“ и „Труст“

декември 21, 2017

Во Основниот суд Скопје 1 денес стартува судењето за случајот „Топлик” во кој првообвинет е поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Во „Топлик” заедно со Јанакиески, осомничени се уште пет лица за продажбата на градежна парцела за изградба на населбата Сончев град во скопско Сопиште. Истовремено, во судот ќе се одржи и ново […]

Во Кривичен суд, денеска ново рочиште за „Труст“

ноември 30, 2017

Во Основен суд Скопје 1 денеска треба да се одржи ново рочиште за случајот „Труст“ на СЈО, во кој првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан и уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ, за учество на тендер на „Електрани на Македонија“. Според обвинението, осомничените местеле тендери […]

СЈО со 1.560 докази ќе ја докажува вината на Кочан и на другите во „Труст“

ноември 23, 2017

Специјалното јавно обвинителство на денешното рочиште од судскиот процес „Труст“ презентираше вкупно 1.560 докази, наведени на 81 страница, против бизнисменот Сеад Кочан, Василие Авировиќ и Сафет Ватиќ, обвинети во случајот. Меѓу доказите, кои беа изведени на денешната расправа, се и три прислушувани разговори, од кои еден меѓу поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот директор на […]

Двочасовна пауза на рочиштето за „Труст“, СЈО не ги нумерирало доказите за одбраната

ноември 23, 2017

Примерокот од листата на докази на СЈО за случајот „Труст“ повторно предизвика застој на денешното рочиште во Кривичниот суд во Скопје, поради што судијката Лидија Зимбовска даде двочасовна пауза. СЈО денеска почна со изведување на доказите, но адвокатите на одбраната реагираа дека во листата што ја добиле од обвинителството, доказите не се нумерирани и не […]

СЈО го испраша првиот сведок во „Труст“, одбраната тврди дека ѝ се ускратени правата

ноември 21, 2017

Во Кривичниот суд во Скопје денеска со испрашување на сведоци продолжи судскиот процес против бизнисменот Сеад Кочан, Василие Авировиќ и Сафет Ватиќ, обвинети во случајот „Труст“ на СЈО. Двајцата сведоци, Феим Имери – Фичо и Васил Ристовски, беа причина за препирање меѓу адвокатите на одбраната и обвинителите на СЈО, Гаврил Бубевски и Артан Ајро. Одбраната приговараше дека […]

Кочан не се чувстува виновен за „Труст“, СЈО најави дека ќе го докаже спротивното

ноември 14, 2017

Не се чувстувам виновен, изјави бизнисменот Сеад Кочан на главната расправа од судењето за случајот „Труст“ на Специјалното јавно обвинителство, кое почна денеска во Кривичниот суд во Скопје. Кочан, Василие Авировиќ и Сафет Ватиќ, како и фирмите „Трансмет“, „Силекс Неметали“ и „Вато“, СЈО ги товари дека со невистинити и фалсификувани документи добиле тендер на „Електрани […]

Одложено судењето за „Труст“ бидејќи одбраната не ја добила листата на докази

ноември 7, 2017

Почетокот на главната расправа од судењето за случајот „Труст“ на Специјалното јавно обвинителство, кое требаше да се одржи денеска, се одложи бидејќи адвокатите на обвинетите, меѓу кои и сопственикот на телевизија „Нова“, Сеад Кочан, со обвинителниот акт не ја добиле листата со докази што ги предлага СЈО. На рочиштето беа присутни тројцата обвинети, Сеад Кочан, […]

Советот на Врховниот суд што го ослободи Кочан треба да одлучува за притворите на Грујовски, Јакимовски и на Бошковски

јули 19, 2017

Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, и уште четворица судии треба да одлучуваат по жалбите на Горан Грујовски, Тони Јакимовски и на Никола Бошковски, обвинети во случаите „Таргет“ и „Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), на кои Апелацискиот суд Скопје вчера им одреди мерка притвор. Апелацискиот суд вчера соопшти дека ги прифатил жалбите на СЈО […]

Страна 1 од 4