fbpx

Врховниот суд сè уште е без претседател

-

Фаик Арслани и понатаму останува в.д. претседател на Врховниот суд, бидејќи Судскиот совет се уште нема објавено оглас за избор на нов претседател, наместо разрешениот Јово Вангеловски, кој според решението работел несовесно и непрофесионално, пишува „Порталб.мк“.

„Сè уште го немаме објавено огласот, и кога ќе се објави ќе бидете известени. Немаме законски определен рок за објавување на огласот, а до изборот на новиот претседател, назначен е в.д. претседател“, велат за „Порталб.мк“, од Врховниот суд.

Според Законот за судовите, претседател на суд се избира од редот на судиите, на начин како што се избира судија во соодветен суд, во овој случај во Врховниот суд.Претседателот на Врховниот суд се избира за време од четири години, со можност да биде повторно избран за уште четири години.

За претседател на Судот се избира судија, кој во последните две години е оценет од Судскиот совет со повисока позитивна оценка, а согласно законот треба да има поголем број поени од другите кандидати.

Инаку, разрешувањето на Вангеловски дојде откако тој ја вршел својата работа на непрофесионален начин, а ова се заснова на случајот на бизнисменот Сеад Кочан кој не бил притворен во случајот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) „Труст”.

Разрешувањето на Вангеловски беше предложено заедно со уште двајца врховни судии, кои заедно надгласаа двајца колеги во кривичниот совет на Врховниот Суд, со што му го укинаа притворот на Сеад Кочан, кој тогаш беше пребеган.

Јавноста го слушна Вангеловски на бомбите, местејќи судски предмет со поранешниот министер Миле Јанакиески, а потоа во разговор со владин службеник каде откриваат компромитирачки моменти за него. Во посебен извештај, специјалната обвинителка Катица Јанева го посочува како судија што врши влијание и работи според партиски директиви. Вангеловски е кум на поранешниот претседател на Собранието, односно пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Велjановски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...