fbpx

Изменет сообраќаен режим поради верскиот празник Задушница

-

МВР информира дека поради верскиот празник Задушница денеска од 14 часот и на 2 ноември (сабота), во периодот од 06 до 16 часот на гробиштата во Бутел, во Камник и во Ѓорче Петров, каде се очекува зголемен интензитет на сообраќајот, од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот во посочените реони.

Од МВР додаваат дека сообраќајот ќе се одвива во една насока (кружно), односно сите возила ќе се упатуваат по улица Александар Урдаревски, во продолжение по локален пат за сelo Мирковци до влезот за гробиштата, потоа на улица Боца Иванова и излегување од улица Боца Иванова кон улица Александар Урдаревски.

По потреба, сообраќајот ќе биде пренасочен и на гробиштата Ѓорче Петров  по улица Црногорска, а на гробиштата Камник по улица Јужноморавски бригади и улица Роман Каскалиевиќ.

„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај“, велат од МВР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пропаганда за украинските деца депортирани во Русија одекна од европратеникот Де Грааф

Наспроти изнесеното во неговиот говор, украинските деца се депортирани во Русија и Комитетот на ОН ја обвинува за злоупотреба на правата на украинските деца. Од почетокот на воената инвазија,...