Нова опрема за атомска, биолошка и хемиска одбрана за АРМ од САД

-

Европската команда на вооружените сили на Соединетите Американски Држави во рамките на програмата Три-три-три донирааа нова опрема за атомска, биолошка и хемиска одбрана за потребите на македонската армија. Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска во касарната „Ѓорче Петров“ изврши увид во туку што пристигнатата нова опрема, која што како донација ќе биде комплетирана во 2020 година.

Како што информираат од Министерството за одбрана, опремата се состои од заштитни маски и одела, цедила за маски, заштита за нозете, заштитни чизми, боци за воздух за заштитните маски, мегафони за заштитните маски и компресори за воздух, а во рамките на донацијата од почетокот на идната година ќе има обука за сите припадници кои ќе ја користат опремата.

Министерката Шекеринска рече дека Армијата и државата се подготвени за полноправно членство во НАТО Алијансата, до кое нè делат само уште три ратификации, од кои две се очекуваат да завршат овој месец, и ратификацијата во Шпанија, која зависи од шпанскиот парламент, имајќи предвид дека во таа земја е во тек предизборен период.

Шекеринска информираше дека се прават исклучителни напори за војничката професија да биде уште поатрактивна за младите граѓани, со нова опрема, со голем број можности за обука и со зголемена финансиска инјекција кон Армијата.

– Позитивен беше знакот што минатата година успеавме да примиме речиси 400 нови млади војници, оваа година се надевам до крајот на годината бројката дополнително ќе се зголеми за 250. Вчера можевте да видите дека целосно го решивме прашањето на 97 професионални војници кои оваа година наполниле 45 години и за сите обезбедивме добри и добро платени места – истакна министерката Шекеринска.

Министерката изрази благодарност до претставниците на САД за донацијата и порача дека партнерството помеѓу Северна Македонија и САД е вистинско, долготрајно и една од причините зошто државата ќе биде дел од Алијансата.

Албанскиот премиер ја изненади италијанската премиерка Мелони со шал и роденденска песна

Албанскиот премиер Еди Рама ѝ подари шал на италијанската премиерка Џорџиа Мелони, и ја изненади со роденденска песна за нејзиниот 48-ми роденден, пренесува Ројтерс. Рама, кој е многу повисок од Мелони, се...

(ВИДЕО) Автомобил удри студентка на блокадите во Белград, возачот е осомничен за тешко убиство во обид

Дваесетгодишна девојка добила тешки повреди откако во неа удрил автомобил за време на студентските блокади на улицата „Рузвелтова“ во Белград, Србија, објави Н1, повикувајќи се на извори од белградската служба за...

Деветгодишно дете од Свети Николе почина на Детската клиника, било донесено во тешка здравствена состојба

Од детската клиника во Скопје потврдија дека во вторникот кај нив било донесено деветгодишното дете од Свети Николе, кое починало по неполни два часа. Како што информираат оттаму, детето било донесено во...

Компанијата Нинтендо ја најави конзолата „Switch 2“ која ќе пристигне оваа година

Денот конечно пристигна, бидејќи Nintendo официјално го најави излегувањето на Nintendo Switch 2, најлошо чуваната тајна во видео игрите, пренесува Инсајдер Гејминг. Во кратко двоиминутно видео на интернет, Nintendo потврди целосен дизајн...

Албанскиот премиер ја изненади италијанската премиерка Мелони со шал и роденденска песна

Албанскиот премиер Еди Рама ѝ подари шал на италијанската премиерка Џорџиа Мелони, и ја изненади со роденденска песна за нејзиниот 48-ми роденден, пренесува Ројтерс. Рама, кој е многу повисок од...