вторник, 20 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: РадмилаШекеринска | 59 резултати

Сања Лукаревска избрана за заменик-претседател на СДСМ, Заев ѝ се заблагодари на Шекеринска

16 мај 2021

Актуелната директорка на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска е избрана за нов заменик-претседател на СДСМ. Владејачките социјалдемократи денеска одржаа изборен конгрес, на кој Лукаревска со 682 гласа „за“ и 2 „против“ го зазеде местото на министерката за одбрана, Радмила Шекеринска. Шекеринска веќе најави дека нема да се кандидира за оваа функција, ниту пак […]

Потполковникот на АРМ рано утрово од Централноафриканската Република префрлен во Скопје

12 мај 2021

Рано утрово потполковникот на Армијата на РСМ заболен од ковид-19 од Централноафриканската Република е префрлен во Скопје и е сместен на Инфективната клиника. Министерката за одбрана Радмила Шекеринска напиша на Фејсбук дека директорката на Инфективната клиника д-р Милена Стевановиќ потврдила дека потполковникот е во добра општа состојба и е стабилен. „Му посакувам брзо да оздрави. […]

Четири хеликоптери од руско производство на АРМ и МВР ќе се модернизираат во Чешка

11 мај 2021

Министерот за одбрана на Чешката Република, Лубомир Метнар денеска е во официјална посета на Скопје, како прв министер за одбрана од земја-членка на НАТО што претстојува во македонскиот главен град по нашето зачленување во Алијансата. Заедно со министерот за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, тој го потпиша Меморандумот за разбирање […]

Македонско воено лице суспектно на јужноафриканскиот сој, од Африка вечерва ќе биде префрлено во Скопје

11 мај 2021

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска ја потврди информацијата дека доцна вечерва македонско воено лице, потполковник на Армијата на РСМ којшто учествува во Европската мисија во Централноафриканската Република, ќе биде донесен на лекување од оваа африканска земја на Инфективната клиника во Скопје. Станува збор за воено лице кое минатата недела било тестирано на ковид-19, и по […]

Шекеринска и Брнз во посета на „Криволак“, се реконструира инфраструктурата пред вежбата „Одлучен удар 21“

26 април 2021

Припадници на инженерискиот баталјон на Армијата на РСМ и 15. инженериски баталјон на вооружените сили на САД заеднички работат на изградба на повеќе нови содржини и развој на патната инфраструктура во полигонот „Криволак“, во пресрет на најголемата воена вежба во земјава, „Одлучен удар 21“, на 17 мај. Тие денеска беа посетени од министерката за одбрана, […]

Делегација на романските вооружени сили предводена од генерал Даниел Петреску во посета на земјава

20 април 2021

Делегацијата на Вооружените сили (ВС) на Романија, предводена од началникот на ГШ на ВС, генерал-потполковник Даниел Петреску, во рамки на еднодневната официјална посета на Република Северна Македонија, денеска престојуваше во Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана, информираат од Генералштабот на македонската армија. Генералот Петреску имал прием кај својот домаќин, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко […]

НАТО Агенцијата за комуникации и информации на онлајн средба со македонски информатичари

30 март 2021

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска Јанковска ги охрабрила македонските ИТ компании да се пријавуваат на НАТО тендери, на денешната онлајн презентација на Агенцијата на НАТО за комуникации и информации (НЦИ). Оваа агенција, која денес ја претставувал генералниот директор Кевин Шеид, е задолжена за набавка на информатички производи и услуги и напредни технологии. – Ја отворивме […]

Македонскиот државен врв ургираше за вакцините кај кинескиот министер за одбрана

30 март 2021

Премиерот Зоран Заев, министерката за одбрана Радмила Шекеринска Јанковска и претседателот Стево Пендаровски на денешните средби со министерот за одбрана на Кина, Веи Фенгхе ургираа тој да се заложи за што побрза испорака на нарачката на кинеските вакцини против ковид-19 од производителот „Синофарм“. „Побарав од кинескиот министер да се заложи за побрза испорака на кинеските […]

Адмирал Бурк: НАТО разгледува можности за помош со вакцини против ковид-19

26 март 2021

НАТО бара начин да помогне во снабдување со вакцини, рече денеска адмирал Роберт Бурк, командант на Сојузничката команда на здружени сили во Неапол, кој дојде во Скопје за утрешната свеченост по повод првата годишнина на македонското членство во Алијансата. – Често зборуваме за тоа, и на политичко и на воено ниво, постојат механизми, покрај националните […]

Шекеринска: Пристигна првата композиција со инженерски машини за „градежната офанзива“ на Криволак (Галерија)

22 март 2021

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на својот Фејбук профил објави дека пристигнала првата композиција со инженериски машини на железничката станица во Криволак. „Нашите инженерци заедно со 15. инженериски баталјон на Армијата на САД ќе работат на подготовка на теренот на полигонот за големата вежба “Одлучен удар 21” која ќе започне на средината на мај. Македонската […]

Американскиот секретар за одбрана Остин до Шекеринска: Северна Македонија е наш ценет пријател и сојузник

6 март 2021

Секретарот за одбрана на Соединетите Американски Држави Лојд Остин испрати писмо до министерката за одбрана Радмила Шекеринска во кое се заблагодарува на честитката за неговото именување на функцијата секретар за одбрана и ни ја честита претстојната годишнина од членството во НАТО, информираат од Министерството за одбрана. „Северна Македонија е ценет пријател и сојузник и очекувам […]

САД ѝ донираа на АРМ 1.269 пушки М4, следат набавки на пиштоли, снајперски пушки, хаубици…

1 март 2021

АРМ доби 1.269 автоматски пушки М4 на подарок од САД, донација во вредност од 1,2 милион долари, како помош во опремувањето на Лесната пешадиска баталјонска борбена група, примарната единица наменета за НАТО операции. Денешното подновување е дел од серијата набавки на вооружување и опрема кои следат, меѓу кои и пиштоли, снајперски пушки со калибар 7,62 […]

Транспаренси интернешнел: Министерството за одбрана второ во Централна и Источна Европа по интегритетот во работењето

9 декември 2020

Македонското Министерство за одбрана е второ според индексот на интегритет во Централна и Источна Европа на „Транспаренси интернешнел“, објавија денеска, по повод Меѓународниот ден на борбата против корупцијата, министерката за одбрана Радмила Шекеринска и претседателката на „Транспаренси интернешнел – Македонија“ Слаѓана Тасева. Индексот за интегритет на владите во секторот одбрана е еден од индексите на […]

АРМ добива донација и засилена одбранбена соработка со Велика Британија

25 ноември 2020

АРМ добива борбена опрема за блиска борба, вредна 230.000 британски фунти, како дел од одбранбената соработка со Велика Британија. Обединетото Кралство (ОК) и Северна Македонија уште почесто и поинтензивно ќе соработуваат во одбраната и безбедноста, изјави британската амбасадорка Рејчел Галовеј по денешната работна средба со министерката за одбрана Радмила Шекеринска. „Врската меѓу Обединетото Кралство и […]

Куманово стана домаќин на командата на Мултинационалната бригада на Југоисточна Европа

26 август 2020

Од денеска, во следните шест години, касарната „Боро Менков“ во Куманово е седиште на командата на Мултинационалната бригада на Југоисточна Европа – SEEBRIG (South-Eastern Europe Brigade), мировни сили формирани во 1999 година во рамките на СЕДМ-процесот на регионална соработка во одбраната. – „Сибриг“ се врати дома, бидејќи во далечната 1998 година, токму во Скопје е […]

Војниците од денеска со дополнителен ангажман низ македонските општини

16 април 2020

Зголемен број на припадници на Армијата од денеска ќе бидат дополнително ангажирани во 10 општини низ земјава. Ова го најави министерката за одбрана Радмила Шекеринска на денешната прес – конференција, појаснувајќи дека војниците ќе бидат вклучени во сите општини каде што тоа е побарано од страна на локалните самоуправи. Станува збор за Скопје, Тетово, Гостивар, […]

Втора жртва од корона вирусот во Прилеп, војниците воведуваат ред пред маркетите и банките

13 април 2020

Денеска почина маж на 69-годишна возраст, втора жртва на корона вирусот во Прилеп, а тројца се новозаразени. Како силна поддршка на мерките на локално и централно ниво, од денеска е вклучена и армијата. Во центарот на градот од изутрината има војници. Пред маркетите и банките има ставено налепници, со порака „Стој овде“, на пропишаното растојание […]

Следната недела ќе проработи мобилната болница на АРМ (галерија)

2 април 2020

Целосното ставање во функција на мобилната болница на АРМ ќе биде во текот на следната недела. Овој капацитет со дополнителни 130 кревети е сместен во кругот на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Министерот за здравство Венко Филипче, министерката за одбрана Радмила Шекеринска и скопскиот градоначалник Петре Шилегов денес ја посетија оваа локација. – Тука […]

Армијата ќе помага во чувањето на виталните објекти и во спроведување на полицискиот час

22 март 2020

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, на денешната прес-конференција соопшти дека владата донела Уредба со законска сила со која на армијата ѝ дава обврска во услови на вонредна состојба да биде целосно во функција на поддршка на државните органи. Веќе е формиран оперативен штаб помеѓу армијата и полицијата и прецизно се дефинирани начините на кои армиските […]

Заев носител во четвртата, Шекеринска во петтата, Димитров во првата изборна единица

10 март 2020

Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) на вчерашниот конгрес ги објави носителите на листите и кандидатите за пратеници на претстојните парламентарни избори што ќе се одржат на 12 април. Партискиот лидер, Зоран Заев, ќе биде носител на изборната листа во четвртата изборна единица, заедно со Соња Миракоска. Радмила Шекеринска ќе ја предводи листата во петтата изборна единица, во […]

Страна 1 од 3