Цената на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува за половина до еден денар, а дизел-горивата поевтинуваат за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Малопродажната цена на „еуросупер БС-95“ се зголемува за половина денар и ќе изнесува 67,5 денари, додека „еуросупер БС-98“ поскапува за еден денар и ќе чини 70 денари за литар.

Малопродажните цени на „еуродизел“ и на екстра-лесното масло за домаќинство се намалуваат за половина денар и ќе изнесуваат 61,5, односно 50 денари за литар.