fbpx

„Веибо груп“: Остануваме во Македонија, проблем е соодветен персонал

„Веибо груп“ ги зголемува своите бизнис-операции во Македонија, како во производствените капацитети, така и во малопродажбата, велат од компанијата за „Мета“, откако вчера СДСМ испрати соопштение дека оваа компанија, наместо тука, ќе инвестира во Србија. Оттаму велат дека за помалку од една година, целосно реконструираната...

ВМРО-ДПМНЕ: Давачките од 60 евра не одат во буџетот, туку се за одржување

Kога Маријанчо Николов зборува за давачките од 60 евра, треба да каже дека тие давачки не одат во буџетот, туку се за одржување и не се 60 евра за сите, туку зависат од договорот со сервисерот. И покрај тоа, државата, за да им излезе...

СДСМ: Нема да дозволиме уште една лоша епизода за домашните фирми

„Додека Владата зборува за виртуелни инвестиции, фирмите во земјава се затвораат, покрај другото и поради разни давачки што им се наметнуваат. Секоја трета фирма во Македонија е со блокирана сметка, повеќе од 10.000 фирми се затворени“, обвини Маријанчо Николов од СДСМ на прес-конференција во Собранието. - Лошата...

СДСМ: „Веибо груп“ наместо во Македонија ќе инвестира во Србија

„Во виртуелниот свет на инвестиции и на вработувања на Никола Груевски, минатата година граѓаните на Македонија беа повторно излажани дека доаѓа светската компанија „Веибо груп“, која требаше да вработи 5.600 луѓе од Крива Паланка, Ранковце, Кратово и од Куманово. Последните информации говорат дека „Веибо груп“...

Формиран македонско-полски бизнис-клуб за подобра трговска соработка

Македонско-полски бизнис-клуб сe формираше во Стопанската комора за унапредување на надворешна трговска соработка помеѓу Македонија и Полска, а во насока на развивање на трговските контакти и на извозно-увозните можности. Ова тело ќе стави акцент на остварување директни контакти меѓу македонските и полските компании, за воспоставување поблиски бизнис-релации, кои...

Сè поголем надворешниот бруто-долг

На крајот од второто тримесечје од 2015 година, надворешниот бруто-долг изнесува 6.342.200.000 евра, или 70,8 проценти од БДП, што претставува квартален пораст од 1,1 процентен поен од БДП. - Кварталниот пораст на надворешниот бруто-долг произлегува од повисокиот долг на приватниот, наспроти намалениот долг на јавниот сектор. Повисокиот приватен долг,...

Пад на девизните резерви од 100 милиони евра на квартална основа

Состојбата на девизните бруто-резерви на крајот од второто тримесечје на 2015 година изнесуваше 2.254.800.000 евра, што претставува пад од 100 милиони евра, на квартална основа, пишува во кварталниот извештај на Народна банка. - Намаленото ниво на девизните резерви се должи на нето-продажбата на девизи од...

Побавен економски пораст во третиот квартал во однос на претходниот

Солидниот пораст на домашната економија продолжи и во вториот квартал на 2015 година, но малку побавно во однос на претходното тримесечје, пораст од 0,9 отсто на квартална и од 2,6 проценти на годишна основа, се вели во кварталниот извештај на Народна банка. - Овие промени се во рамки на очекувањата...

Следната година ќе се градат пет експресни патишта

Најдоцна до средината на следната година ќе почне изградбата на пет нови експресни патишта, соопшти денеска во Неготино премиерот Никола Груевски, додавајќи дека проектот е вреден 300 милиони евра. - Станува збор за патот од Штип до Кочани, Штип – Радовиш, Ранковце – Крива Паланка,...

Почна изградбата на индустриска зона во Неготино

Премиерот Никола Груевски, заедно со градоначалникот на Општина Неготино, Ванчо Апостолов, и со бизнисменот Илија Гечев, денеска го означи почетокот за изградба на нова индустриска зона во Неготино. Зоната се простира на површина од 30 хектари, со можност за изградба на 26 објекти, а како што...

Собранието го изгласа буџетот за 2016 година

Со 66 гласа „за“ и со 28 гласа „против“, пратениците во Собранието, пред полноќ, го изгласаа буџетот за 2016 година. Станува збор за досега најголем буџет, кој тежи 3,2 милијарди евра. Опозицијата гласаше против, бидејќи, како што пратениците повеќепати истакнаа за време на петдневната дискусија, овој буџет...

Дескоска: Генерации се задолжени за сметка на луксузот на власта

Во расправата за предлог-буџетот за 2016 година, која сè уште трае во Собранието, преовладуваат политичките конфронтации меѓу пратениците. Тие од опозицијата укажуваат на непродуктивноста и на нетранспарентноста при трошењето на парите на граѓаните, како и на преголемото задолжување, кое со еврообврзницата може да достигне и до 50...

Премиерот Груевски со владина делегација на бизнис-форум во Будимпешта

Премиерот Никола Груевски, заедно со владина делегација, денеска присуствуваше и се обрати на бизнис-форум во Будимпешта. Владината делегација ги презентирала поволностите и бизнис-можностите што ги нуди државата пред поголем број глобални компании, чии регионални центри се лоцирани во Будимпешта, како и пред унгарски компании од областа на...

Грција ќе ја избегне рецесијата годинава

Владата во Атина соопшти дека Грција ќе ја избегне очекуваната рецесија годинава и дека ќе претрпи само мало забавување на економијата во 2016 година. Владата денеска го достави предлог-буџетот за 2016 година до парламентот, предвидувајќи нулта пораст на домашниот бруто-производ за оваа и пад од 0,7...

„Б“ како Буџет 2016 или како „Бушава азбука“

Денеска е во тек петтата расправа за дополнителниот предлог-буџет во Собранието, при што се очекува тој, најдоцна до полноќ, да биде изгласан. И покрај тоа што се носи најважниот стратегиски документ од кој зависи остварувањето на економските политики, планираниот проектиран економски пораст, како тема на...

Oткупот и продажбата на земјоделски производи се намалени за 5,1 отсто во однос на лани

Oткупот и продажбата на земјоделски производи се намалени за 5,1 отсто во споредба со истиот период од претходната година, објави Државниот завод за статистика. Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 23,1 отсто, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство...

Порачките и производството во преработувачката индустрија се поволни

Според оцената на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во октомври 2015 година е за 0,8 процентни поени зголемен во однос на претходниот месец, а во однос на октомври 2014 година е зголемен за 7 процентни поени, објави Државниот завод за статистика. Состојбата...

Рудниците Добрево и Тораница отидоа под стечај

Основен суд Штип денеска донесе одлука рудниците Добрево и Тораница, кои беа сопственост на индиската фирма „Индоминерали и метали“, да заминат во стечај. Со ова, 1.000 рудари од Пробиштип и од Крива Паланка останаа без работа. Стечајот го покрена скопска фирма „Автотехна“ ДОО Скопје, а подоцна...

Ѓорѓе Војновиќ назначен за главен извршен директор на „Триглав осигурување“

Одборот на директори на „Триглав осигурување“ АД, на својата 105. седница, одржана на 17 ноември, го назначи Ѓорѓе Војновиќ за главен извршен директор на компанијата. Претходно, Агенцијата за супервизија на осигурување ја даде својата согласност за именување на Војновиќ за член на орган на управување...

Зафировски: Целта е за една деценија невработеноста да биде само 10 проценти

Оваа година е многу важна за економскиот развој на земјата, на ред е да се консолидираат домашните компании, односно да се поттикнат нови, понапредни и подинамични компании што ќе бидат проактивни во извозот на производи и на услуги. Ова е една од главните пораки од...

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...