fbpx

Ѓорѓе Војновиќ назначен за главен извршен директор на „Триглав осигурување“

-

Одборот на директори на „Триглав осигурување“ АД, на својата 105. седница, одржана на 17 ноември, го назначи Ѓорѓе Војновиќ за главен извршен директор на компанијата.

Претходно, Агенцијата за супервизија на осигурување ја даде својата согласност за именување на Војновиќ за член на орган на управување на компанијата.

– Убеден сум дека заедно со извршниот директор, Сања Танчевска, и со вработените во „Триглав осигурување“, кои посветено и професионално се соочуваат со секојдневните предизвици, ќе придонесеме за зголемен обем и квалитет на услугите за нашите клиенти, како што прилега на еден лидер во осигурувањето, а следствено на тоа, и дека ќе постигнуваме уште подобри резултати – изјави Војновиќ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Се враќаат старите и пониски цени на полисите за автомобилско осигурување

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност во рамки на Министерството за финансии на денешната седница донесе одлука за враќање на цената на осигурувањето од автоодговорност на нивото од пред...