fbpx

Дескоска: Генерации се задолжени за сметка на луксузот на власта

-

Во расправата за предлог-буџетот за 2016 година, која сè уште трае во Собранието, преовладуваат политичките конфронтации меѓу пратениците.

Тие од опозицијата укажуваат на непродуктивноста и на нетранспарентноста при трошењето на парите на граѓаните, како и на преголемото задолжување, кое со еврообврзницата може да достигне и до 50 проценти од БДП.

Пратениците од владејачката партија, пак, ги бранат политиките на партијата и тоа што досега го сториле за граѓаните, изградба на социјални станови, патишта, училишта.

Потпретседателката на Собранието и пратеничка на СДСМ, Рената Дескоска, истакна дека за буџетот за 2016 година е карактеристично што е одлика на „расипничка власт“, при што „ниту министерот за финансии не верува во политиките што ги спроведува.“

– Доколку министерот за финансии, при секое влегување во кабинетот на премиерот му кажуваше „сети се дека си смртен“, немаше од најмалку задолжена држава во 2006 година, да нè донесете пред банкрот и земја пред амбис. Немаше да има заеми за луксуз и за чоколадо, кога луѓето немаат за леб. Наредните генерации се задолжени за сметка на лускузот. Ова е буџет за сиромаштија, за нови долгови, за поголемо иселување, за барокни фасади и за споменици – истакна Дескоска.

Буџетот за 2016 година се очекува да се изгласа до полноќ.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЈСП: Неделен возен ред на велигденските празници

ЈСП соопшти дека од утре, петок, до понеделник јавниот превоз јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред. Утре ќе има исклучок за линиите 11, 11А, 18А, 32, 47А, 55,...