fbpx

„Веибо груп“: Остануваме во Македонија, проблем е соодветен персонал

-

„Веибо груп“ ги зголемува своите бизнис-операции во Македонија, како во производствените капацитети, така и во малопродажбата, велат од компанијата за „Мета“, откако вчера СДСМ испрати соопштение дека оваа компанија, наместо тука, ќе инвестира во Србија.

Оттаму велат дека за помалку од една година, целосно реконструираната и проширена фабрика во Крива Паланка ,„Веибо гармент“, го прошири производствениот капацитет со 500 нови машини и го зголеми бројот на вработени од 260 на вкупно 600 лица, кои во моментов се вработени во фабриката.

Според плановите на инвеститорите, доколку се во можност да пронајдат соодветен персонал, вкупниот број на вработени во фабриката до крајот на годинава треба да се зголеми до 800 лица, а до јуни 2016 година, тој треба да достигне 1.000 вработени.

– Во 2014 година „Веибо груп“ најави план за изградба на најголемиот интегриран текстилен центар во Европа, во зоната во Ранковце, но во моментов овој проект е во мирување. Токму неможноста за наоѓање соодветна работна сила за реализација на големите производни цели за потребите на постојната фабрика во Крива Паланка за задоволување на своите интернационални клиенти, е главната причина зошто инвестицијата во Ранковце е засега во застој – велат оттаму.

Вкупната досегашна инвестиција на „Веибо груп“ во текстилната фабрика во Крива Паланка изнесува 10 милиони евра.

„Веибо груп“ e интернационална компанија од областа на текстилната индустрија, специјализирана за масовно производство на машка облека, со производствени погони и со дизајнерски работилници во Кина, Камбоџа, Турција и во Македонија.

Компанијата „Веибо груп“ влезе на македонскиот пазар пред една година, со голема инвестиција во зоната Ранковце и со преземање и со отворање на текстилна фабрика во Крива Паланка позната како „Веибо гармент“, како прв чекор при развојот на своите бизнис-планови во Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...