fbpx

Турската компанија „Пурпласт“ ќе инвестира до 12 милиони евра и ќе отвори нови 300 работни места

-

Директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони Александар Младеновски и извршниот директор на турската компанија „Пурпласт“ Мехмет Шишманоглу, денеска во Владата потпишаа договор за долгогодишен закуп на градежно земјиште во ТИРЗ Скопје 2.

Компанијата „Пурпласт“ закупи 26.266 квадратни метри во зоната во Бунарџик, а фабриката која ќе започне да се гради наскоро е нивна прва надвор од Република Турција.

Компанија е со 40 годишно искуство во производството на пластични компоненти за автомобилската индустрија.

„Компанијата работи во автомобилската индустрија, а своите производи ги извезува во 36 земји во светот. Во индустрискиот капацитет во ТИРЗ Скопје 2, инвеститорот ќе произведува пластични маски и други пластични компоненти за компанијата Ван Хол и многу други компании кои произведуваат автобуси и компании“, нагласи Младеновски.

Извршниот директор на компанијата „Пурпласт“, Мехмет Шишманоглу посочи дека оваа инвестиција е прва која се реализира во странска држава и нагласи дека е особено задоволен што потпишувањето на договорот се случува во денот кога се одбележува Денот на Републиката, односно 96 години од формирање на современата турска држава.

„„Пурпласт“ е компанија со 500 вработени во четири фабрики во Република Турција, која своите производи ги извезува во 36 земји, а соработува со светски познати компании како „Мерцедес“, „Волво“, „Сканија“, „БМВ“, „Фиат“ и се разбира „Ван Хол“. Планираме почетна инвестиција од пет милиони евра, со отворање на нови 100 работни места, додека вкупните инвестиции, кои ќе се развиваат во повеќе фази се очекува да достигнат 12 милиони евра и околу 300 нови работни места. Фабриката која ќе ја изградиме во Македонија, ќе биде главен логистички центар за Европа“, потенцира Шишманоглу и додаде дека очекува дека отворањето на фабриката ќе се совпадне со одбележување на 40 годишнината на компанијата и ќе се случи во 2020 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...