fbpx

СДСМ: Не се согласивме со ново задолжување од 100 милиони евра

„Денеска СДСМ, преку дополнителниот заменик министер за финансии, Кире Наумов, го употреби законското право и не се согласи со најавенoто ново задолжување на граѓаните од 100 милиони евра на домашниот пазар, најавено за вторник, 1 декември“, се вели во соопштението на партијата. Оттаму велат дека...

Индустриското производство до октомври поголемо за 3, 6 проценти во однос на лани

Индустриското производство во периодот јануари – октомври 2015 година, во однос на истиот период лани, бележи зголемување од 3,6 проценти. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење на камен во октомври 2015 година, во однос на истиот период лани, бележи опаѓање од 6,...

Скопскиот регион со најголемо учество во бруто-домашниот производ

Најголемо учество во бруто-домашниот производ на Македонија во 2013 година има Скопскиот регион со 42, 6 проценти, додека, пак, најмало учество има Североисточниот регион со 5, 3 проценти, објави Државниот завод за статистика. Поголем бруто-домашен производ по жител, во споредба со просекот на Македонија, имаат Скопскиот...

Просечната плата во Македонија изнесува 22.024 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2015, изнесува 22. 024 денари, а бруто-платата е 32. 307 денари, објави Државниот завод за статистика. Во однос на истиот период лани, има зголемување од 3, 5 проценти. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна...

Претседателот Иванов на средба со првите луѓе на банкарскиот сектор

Претседателот Ѓорге Иванов, денеска оствари средба со гувернерот на Народната банка, Димитар Богов, и со раководните структури на банкарскиот сектор. На средбата, беа разменети мислења и информации за актуелните случувања во економијата, претприемништвото и за банкарскиот сектор. Соговорниците разменија мислења и за импликациите на светската економска криза...

СДСМ: Домашните фирми добиваат по 2 евра

Ако Груевски и Ставрески не потрошеа 630 милиони евра пари на граѓаните за споменици, секоја фирма во Македонија ќе добиеше по 9.000 евра државна помош, наместо две евра, се вели во соопштението на СДСМ. „Немаше 10.000 фирми да мораат да стават клуч на врата. Немаше секоја...

На земјоделците ќе им бидат достапни 60 милиони евра од програмата ИПАРД 2

Програмата ИПАРД 2, од која Македонија може да повлече вкупно 60 милиони евра, треба да почне со реализација до средината на 2016 година, најави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков. Тој потсети дека е отворен гарантен фонд кој ќе стои зад 50 отсто од хипотеката за...

Премиерот Груевски ја посети компанијата „Хуавеи“

Во рамки на посетата на Кина, премиерот Никола Груевски оставрил повеќе средби со сопственици на компании, а го посетил и седиштето на глобалната компанија за информатичка комуникациска технологија „Хуавеи“. Владината делегација, која ја сочинуваат и вицепремиерот Владимир Пешевски и заменик-министерот за економија Христијан Делев, остварила средба...

Русија ја зајакна контролата на прехранбени производи од Турција

Русија одлучи да ја заостри контролата на прехранбените производи увезени од Турција, поради кршење на санитарните норми, соопшти денеска руското Министерство за земјоделство, два дена по уривањето на рускиот борбен авион на турско-сириската граница. Министерот за земјоделство, Александар Ткачев, изјави дека некои турски произведувачи не...

Грчките бизнисмени се жалат за застојот на македонско-грчката граница поради бегалците

Грчката Асоцијација за извоз на Северна Грција реагира против застојот на околу стотина камиони на грчко-македонската граница. Од Асоцијацијата реагираат дека само во средата 90 камиони за извоз и 33 камиони за увоз се заглавиле на границата поради прекинот на железничката линија на граничниот...

Прогласени најуспешните 100 компании во Северозападна Македонија

Денеска министерот за економија, Беким Незири, се обрати на свеченaтa промоција на каталогот „Топ 100“, во кој е направен избор на најдобри компании од албанската бизнис-заедница во Македонија, во организација на Стопанска комора на Северозападна Македонија. Изборот „Топ 100“ се спроведува петти пат и има...

Груевски ги претстави можностите за инвестирање пред кинески компании

Премиерот Никола Груевски оствари средби со претставници на компании кои имаат потенцијал за инвестиции во нашата земја, на маргините на Самитот на земјите од Централна и Источна Европа и Кина, што се одржува во кинескиот град Суџоу. Премиерот ги претставил можностите за инвестирање, а било разговарано и...

Околу 4.000 нови продадени автомобили на македонскиот пазар годинава

Продажбата на нови автомобили на македонскиот пазар, познавачите на состојбата ја оценуваат како стабилно ниска. Врз намалувањето на продажбата на нови автомобили, големо влијание има увозот на стари автомобили, кој постојано се зголемува, но се чувствуваат и ефектите од економската криза. - Годинава ќе ја завршиме...

„Газпром“ ја сопре испораката на гас за Украина

Руски „Газпром“ утринава ја сопре испораката на гас за Украина до добивањето на новиот аванс, изјави директорот на компанијата, Алексеј Милер. - Денеска, во 10 часот наутро (седум часот според Гринич), „Нафтогаз Украина“ го искористи тоа што претходно го плати. Новиот аванс не стигна –...

Пуштена во оптек нова банкнота од 20 евра

Европската централна банка ја пушти во промет новата банкнота од 20 евра со унапредени безбедносни карактеристики за спречување фалсификување. Новите книжни пари се испечатени во износ од 4,3 милијради евра и постепено ќе ги заменуваат банкнотите од 20 евра од првата серија, кои, исто така, ќе останат во...

Наместо со 500 милиони евра, државата ќе се задолжи со 270 милиони евра

Наместо првично планираните половина милијарда евра задолжување преку еврообврзница, државата ќе се задолжи за 270 милиони евра. Промената на одлуката, Министерството за финансии ја објави во „Службен весник“. Првично планираните средства беа за покривање на буџетскиот дефицит за оваа и за следната година и за рефинансирање...

СДСМ: 6.007 помалку работници во текстилната индустрија

„Во текстилната индустрија, бројот на вработени од 2007 до 2014 година се намалил за 6.007 работници. Тоа се 6.007 семејства со загрозена егзистенција. И рударската индустрија доживеа силен удар и намалување на невработеноста. Пред неколку дена, дури 1.000 рудари останаа без работа. Корупцијата што царуваше во изминатите...

Се отвора фабрика за кроасани „Гранд фудс корпорејшн“

Фабриката за кроасани „Гранд фудс корпорејшн“ утре ќе почне со прозводство. Станува збор за приватна инвестиција во висина од 6,5 милиони евра, а инвеститор е компанијата „Гранд-експорт“ од Скопје. Оваа компанија со години има лидерска позиција и важи за најсигурна, ефикасна и за ефективна продажно-дистрибутивна мрежа...

Македонска бизнис-делегација на Економскo-трговски форум во Кина

Делегација на бизнисмени, предводени од претседателката на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), Данела Арсовска, учествуваат на 5. Економскo-трговски форум на Кина и на земјите од Централна и од Источна Европа (ЦИЕ), кој се одржува во Суџоу, Кина. Повеќе од 1.000 претставници на компании од...

Извозот поголем за 11,3 проценти во вториот квартал во однос на претходниот

Во вториот квартал од годината, надворешно-трговската размена на стоки со странство достигна вредност од 2.517.000.000 евра, што претставува 28,1 отсто од домашниот бруто-производ, забележувајќи пораст од 12,5 проценти во однос на претходното тримесечје. - Кварталното зголемување се должи на остварениот пораст и кај извозната и кај увозната компонента. Во однос на првиот квартал...

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...