fbpx

Груевски ги претстави можностите за инвестирање пред кинески компании

-

Премиерот Никола Груевски оствари средби со претставници на компании кои имаат потенцијал за инвестиции во нашата земја, на маргините на Самитот на земјите од Централна и Источна Европа и Кина, што се одржува во кинескиот град Суџоу.

Премиерот ги претставил можностите за инвестирање, а било разговарано и за конкретни проекти што би можеле да бидат интересни и привлечни за кинеските инвеститори.

– Понудивме повеќе проекти, разменивме предлози и идеи и ќе ги продолжиме контактите со различните компании од Кина, за да се реализираат проекти во Македонија што ќе го подобрат квалитетот на живот и ќе отворат нови работни места – изјави Груевски.

Тој истакна дека се зголемува извозот на Македонија во Кина, но и бројот на проекти што заеднички се реализираат.

– Во Македонија највидливи се двата проекти за двата автопатишта што се градат, едниот во Источна и другиот во Западна Македонија. Но, на Самитот македонската делегација настапува и со друг вид проекти од различни области, вклучително од енергетиката, поврзано со производството на струја, секундарна гасификација, земјоделството, туризмот. Така што, дојдовме со однапред подготвени проекти од различни институции кои ги презентираме и на приватните компании со кои се среќаваме, но и пред кинеските власти – истакна премиерот Груевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...