fbpx

Прогласени најуспешните 100 компании во Северозападна Македонија

-

Денеска министерот за економија, Беким Незири, се обрати на свеченaтa промоција на каталогот „Топ 100“, во кој е направен избор на најдобри компании од албанската бизнис-заедница во Македонија, во организација на Стопанска комора на Северозападна Македонија.

Изборот „Топ 100“ се спроведува петти пат и има цел промоција на најмоќните албански компании на локалниот пазар.

Промоцијата се врши преку каталог, што во себе содржи анализа на потенцијалот на компаниите на домашниот пазар и на придонесот во вкупниот домашен бруто-производ на земјата.

– Радува фактот што прометот на најголемите 100 компании во Северозападна Македонија за 2014 година изнесува околу 600 милиони евра, при што нето-приходот изнесува 33 милиони евра, а бројот на вработени е речиси 5.000. Тоа е доказ за развојот на овие компании, благодарение на мудрите бизнис-одлуки и стратегии на нивните менаџери и на квалитетниот избор на човечки ресурси ангажирани во нив – посочи Незири.

Овие параметри за фирмите во Северозападна Македонија остварени во 2014 година, според Незири, се уште еден показател за позитивните тенденции во економијата на Македонија, кои забележуваат нагорна линија во континуитет.

Меѓу најуспешните за 2014 година се вброија  „Нептун“, „Алма-М“, „Ге-Мак“, „Принце“, „Пофикс“ и др.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...