Основен суд Штип денеска донесе одлука рудниците Добрево и Тораница, кои беа сопственост на индиската фирма „Индоминерали и метали“, да заминат во стечај.

Со ова, 1.000 рудари од Пробиштип и од Крива Паланка останаа без работа.

Стечајот го покрена скопска фирма „Автотехна“ ДОО Скопје, а подоцна се приклучија и уште тројца доверители.

Сидникатите на рудниците Добрево и Тораница сметаа дека брзото завршување на предстечајната постапка и прогласувањето стечај е најдоброто решение за нив, по повеќе од два месеци штрајк.

Дополнително ќе се утврдуваат долговите на индиската кон македонските компании, општината и кон вработените.