fbpx

СДСМ: Нема да дозволиме уште една лоша епизода за домашните фирми

-

„Додека Владата зборува за виртуелни инвестиции, фирмите во земјава се затвораат, покрај другото и поради разни давачки што им се наметнуваат. Секоја трета фирма во Македонија е со блокирана сметка, повеќе од 10.000 фирми се затворени“, обвини Маријанчо Николов од СДСМ на прес-конференција во Собранието.

– Лошата бизнис-клима влијае постојано да се затвораат фирми, при што луѓе остануваат без работа. Нема да дозволиме уште една лоша епизода за домашните претпријатија. Домашните претпријатија не треба да плаќаат дополнителни 60 евра за воспоставување врска со ГПС-терминалот и крипто-модулот. Овој непотребен трошок од претпријатијата ќе испумпа 3,2 милиони евра. Пратеничката група на СДСМ и на коалицијата со поднесените измени на законот за готовински плаќања, бара сервисирањето на фискалните апарати во врска со ГПС-терминалот и крипто-модулот да се вршат без надоместок, односно бесплатно. Дополнително, во рамки на поднесените измени на законот за готовински плаќања бараме и намалување на казните за 50 отсто – рече Николов.

Тој додаде и дека со законот бараат да се укине забраната за вршење дејност од 30 и од 15 дена за даночни обрвзници.

– Недозволиво е објектите да бидат затворани и пломбирани откако ќе си ја платат казната. Затоа бараме оваа мерка за затворање на објектот од 15 и од 30 дена да биде укината – изјави Николов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...