fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Давачките од 60 евра не одат во буџетот, туку се за одржување

-

Kога Маријанчо Николов зборува за давачките од 60 евра, треба да каже дека тие давачки не одат во буџетот, туку се за одржување и не се 60 евра за сите, туку зависат од договорот со сервисерот. И покрај тоа, државата, за да им излезе во пресрет на фирмите, донесе законски измени во Законот за регистрација на готовински плаќања, со кој се предвиде еден задолжителен бесплатен сервис годишно, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на пратеникот на СДСМ, Маријанчо Николов.

„Уште поголема е лагата за казните. Во соработка со бизнис-заедницата, во јули годинава беа донесени измени на законот за прекршоци, со кој санкциите се нивелираат во зависност од економската моќ на компаниите. Намалувањето на казните е уште еден чекор кон подобрување на бизнис-климата во земјата и овозможува македонското стопанство да продолжи да остварува добри резултати. Со намалените казни за фирмите, се придонесува за понатамошно подобрување на нивниот амбиент за работа. Драстично се намалија казните за фирмите, што, пред сè, е значајно за малите и за средните претпријатија. Кај малите фирми, казните се пониски шест до седум пати во однос на досегашните, а кај средните – два до четири пати пониски од досегашните, што значи дека казната, доколку мора да се изрече, нема да влијае значајно врз работењето на фирмите“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачката партија велат дека според законот, казните се одмеруваат според три критериуми: вкупниот приход на фирмата, бројот на вработени и претходното поведение. Оттаму додаваат дека најмали казни има за фирмите со приход до 500.000 денари и до девет вработени, а најголеми за фирмите со повеќе од 100 милиони денари приходи и со повеќе од 250 работници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...