fbpx

Мигранти на грчко-македонската граница, во знак на револт, си ги зашија усните

-

Неколку беглаци од Иран, Курдистан и од Пакистан, кои чекаат на влез во Македонија, со игла и со конец ги зашија устите. На овој начин тие порачуваат дека не отстапуваат од намерите да отидат во некоја од земјите на ЕУ, јави „Телма“.

„Економските мигранти“ речиси цела недела не се пропуштаат бидејќи Македонија, Србија, Хрватска и Словенија ја спроведуваа селективноста на пропуштањето на бегалците, односно предност им се дава на бегалците што доаѓаат од земјите каде има војна.

Повеќе бегалски семејства, претежно со жени и со деца, се вратија во Атина, но доаѓаат нови бегалци и се подигаат уште шатори. Сепак, во моментов ситуацијата е мирна и е намален бројот на бегалци.бегалци-полуголи-протест

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...