fbpx

Амбасадорот Ангелов се сретна со грчкиот министер Ксидакис

-

Македонскиот амбасадор во Грција, Дарко Ангелов, денеска се сретна со грчкиот заменик-министер за европски прашања, Никос Ксидакис.

На средбата во грчкото министерство за надворешни работи, Ксидакис и Ангелов разговарале за голем број прашања од билатерален интерес и за можноста за зајакнување на билатералната соработка. Се разговарало за актуелната бегалска криза, особено за ситуацијата на грчко-македонската граница кај преминот Идомени, по кревањето ограда од македонска страна.

Од агендата не изостанале ниту мерките за градење доверба. Како што информираат од грчкото министерство, во дискусијата станало збор и за можностите што се отвораат за двете држави преку спроведувањето на мерките за градење доверба.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...