fbpx

Завршија натпреварите „Робомак“ и „Робомак Јуниор“ 2024

Со финалниот натпревар во пет различни категории на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), вчера заврши 12-тото по ред издание на натпреварот „Робомак“ (RoboMac). На овој натпревар учествуваа 22 тимови составени од студенти од ФЕИТ, Машинскиот факултет и Факултетот за информатички науки и компјутерско...

За една година, бројот на случаи на морбили во светот речиси се удвоил

Бројот на случаи на мали сипаници ширум светот речиси се удвоил од 2022 до 2023 година, покажува ново истражување, што претставува предизвик за напорите за елиминација во многу земји, пренесе Си-ен-ен. Според д-р Патрик О’Конор од Светската здравствена организација (СЗО), кој вчера го презентираше истражувањето...

Патоказот со ФИРОМ во Грција не е поставен сега, туку постои барем две години

Вакви патокази во Грција постојат барем две години, а некои и од пред потпишувањето на Преспанскиот договор. Поранешниот премиер Зоран Заев за грчките медиуми уште лани изрази очекување дека грчката страна ќе го исполни делот од Договорот кој се однесува на сообраќајните патокази „затоа што...

Уапсени двајца руски новинари под обвинение дека работеле за фондацијата на Алексеј Навални

Двајца руски новинари се уапсени под обвинение за „екстремизам“, поради обвиненијата дека работеле за група основана од починатиот руски опозициски политичар Алексеј Навални, пренесе Гардијан. Новинарите Константин Габов и Сергеј Карелин ги негираа обвиненијата, поради што ќе останат во притвор најмалку два месеца пред да...

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран од Општина Центар, присутните ја проследија промоцијата на книгата „Пофалба на обратноста и други есеи”...

Бизнис идеите на младите презентирани на првиот ден од Стартап Викенд Охрид

Викендов, од 26 до 28 април се организира второто издание на Стартап Викенд Охрид, настан кој е најголем од ваков тип во државата, а кој започна вчера попладне и ќе трае до утре (недела) вечер. Идејата е учесниците да ги преточат своите идеи во...

Србин измамен во центарот на Скопје, одземени му биле 300 евра

С.А.(63) од Србија вчера во полициска станица пријавил дека бил измамен од две лица од кои бил пресретнат околу 10.30 часот на подрачјето на Центар, информира МВР. Според пријавеното, едното лице се претставило дека е од Обединети Арапски Емирати кое разбира малку српски јазик и...

Европска недела на имунизација: Слушајте ги научниците, а не дезинформациите

Во Градскиот парк во Скопје денеска се одбележа Европската недела на имунизација, со повици за поголема вакцинација. Евроамбасадорот Дејвид Гир рече дека повеќе од 50 години вакцините кои ги примил како дете го штитат и имунизацијата и дека е едно од најголемите достигнувања на човештвото....

Петнаесет работници лани загинале на работните места

Утре, в недела, на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, во паркот на улицата Пандил Шишков во општина Аеродром ќе бидат засадени 15 дрвца, колку што изнесува бројот на загинатите на работните места во текот на 2023 година, информираат од Македонското здружение...

Народната банка додели награди на млади истражувачи од областа на макроекономијата и банкарството

Народната банка, на денот на монетарната независност, 26 април, ја одржа годишната свеченост за доделување на наградата на млади истражувачи од областа на макроекономијата и банкарството. Овогодинешниот победник беше Никита Ристовски за неговиот труд „Економски раст поттикнат од интеграцијата: Случајот со интеграцијата на Северна Македонија...

Промовирани новите полициски службеници, генерација 2023-2024

Денеска се одржа пригодна церемонија по повод свечената Промоција на нови полициски службеници - генерација 2023-2024 година, во Центарот за обука на МВР во Идризово, на која покрај раководството на МВР, присуствуваа и Премиерот на РСМ Талат Џафери и претставници на дипломатскиот кор во...

Електрификацијата на пругата кон Косово падна во заборав

Долгонајавуваната електрификација на пругата кон Косово не се случи ниту во овој мандат на Владата предводена од социјалдемократите. Веќе три години не сообраќа ниту патничкиот воз Скопје – Приштина – Скопје, кој беше единствената меѓународна железничка линија од С.Македонија. Електрификацијата на оваа пруга воопшто не се...

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект што тоа се соопштува во текот на самата изборна кампања и помеѓу два круга, и...

Руско Министерство за одбрана: Соборени 68 украински беспилотни летала над Краснодар и Крим

Армијата синоќа пресретнала 68 украински беспилотни летала во јужниот руски крај Краснодар и Крим, соопшти руското Министерство за одбрана. Според тоа министерство, 66 беспилотни летала биле соборени над територијата на Краснодарската област и два над полуостровот Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година. „Тие се...

„Правиме букви“ – утре детска работилница за фонтови во „Бруталиск“

Утре, в недела во 11 часот во КЦ Бруталиск се одржува бесплатна работилница за писма, фонтови и типографија за деца над шест годишна возраст. Под менторство на Небојша Гелевски – Бане, долгогодишен дизајнер, активист и предавач на Брејнстер академијата, посетителите ќе учат за буквите,...

На Малта немало гласање, па не можела ни да победи Сиљановска

Доколку се погледнат официјалните резултати од изборите спроведени во дипломатско-конзуларните претставништва во странство објавени на веб-страницата на ДИК, ќе се види дека на Малта воопшто не било спроведено гласање, пишува Вистиномер.  Текстот го пренесуваме во целост:   Анализираме објава на Фејсбук која тврди дека на гласањето во Малта на првиот круг од претседателските избори...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона тенденција, соопштија денеска од Националното биро за осигурување (НБО) по информацијата дека од вчера осигурителните...

Столе Попов е добитник на наградата „Златен објектив“ за 2024 година

Столе Стојан Попов е овогодишниот добитник на наградата „Златен објектив“ која се доделува секоја година на 29 април по повод роденденот на Кинотека на Северна Македонија. Признанието „Златен објектив“ се доделува на филмски автори и работници, кои преку својот професионален ангажман придонеле во создавањето, развојот,...

УКИМ ќе основа Фондација „Горан Стефановски“

Горан Стефановски фото: Општина центар
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) соопшти дека денеска донел одлука за основање на Фондација „Горан Стефановски“. Одлуката ја донел Сенатот на УКИМ, во очи роденденот на Стефановски – 27 април. Фондацијата се основа на иницијатива на Факултетот за драмски уметности – Скопје,...

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во средата, 24 април, маскиран со „фантомка“, влегол во казино во Лешок и со автоматска пушка,...

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...