Здравствени инспектори во битолската болница ги утврдуваат причините за смртта на шестгодишното девојче
Инспектори од Државниот санитарен и здравствен инспекторат и јавен обвинител се во болницата во Битола, откако вчера во болницата почина шестгодишното девојче Јана. Како што информираа надлежните власти, директорот на болницата Александар Обедниковски доаѓа во Скопје и ќе се состане со министерот за здравство,...
Протести во Франција поради пензиската реформа, запалено e градското собрание во Бордо
Историското градско собрание на Бордо во Франција е запалено на денот на најголемиот протест досега против обидот на францускиот претседател Емануел Макрон да ги спроведе реформите за зголемување на старосната граница за пензионирање, пренесе Индепендент.
Демонстрантите собрани пред Палатата Рохан навиваа додека дел од зградата...
Бегалец виновен за измама со криптовалути тешка 40 милијарди долари е уапсен во Црна Гора
Јужнокорејската полиција соопшти дека До Квон, шеф на измамничка шема со криптовалути, виновен за колапсот на токените TerraUSD и Luna тежок 40 милијарди долари, е уапсен во Црна Гора.
Би-би-си јавува дека претходно годинава финансиските регулатори во САД ги обвиниле Квон и неговата компанија „Тераформ...
Најмалку девет цивили загинаа во најновите руски напади врз Украина
Русија изминатово деноноќие изврши нови напади врз Украина, во кои животот го загубија најмалку девет цивили во различни украински региони. Најмалку шест цивили загинаа, а пет лица се ранети како последица на руските воени дејствија во Донецкиот регион, јавува Укринформ. Пет лица загинале во...
Корисниците ќе треба да ја преземат новата верзија на апликацита „Мој ДДВ“, информира УЈП
Управата за јавни приходи (УЈП) ги информира корисниците на апликацијата „МојДДВ“ дека е извршено нејзино прилагодување во согласност со последните законски измени, со кои исплатите кон граѓаните на квартално ниво се зголемија на 2.100 денари по корисник.
„Ова значи дека сите корисници на „МојДДВ“, ќе...
Директорот на ТикТок пет часа во Конгресот зборуваше за врските со Кина
Извршниот директор на ТикТок, Шоу Зи Чју беше принуден да ги брани односите на неговата компанија со Кина, како и заштитата на најмладите корисници, на вчерашното тензично сослушување во американскиот Конгрес. Сослушувањето доаѓа во време кога и двете политички партии во САД притискаат целосно...
Во Париз одбележана 50-годишнината од отворањето на лекторатот по македонски јазик
На Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации (ИНАЛКО) вчера се одржа меѓународен симпозиум по повод 50 години од отворањето на тамошниот Лекторат по македонски јазик – најстариот активен лекторат по македонски јазик на универзитетите во светот, информираат од Меѓународниот семинар за македонски јазик,...
Феминистичкиот активизам е важен за траен мир, порачаа учесничките на феминистичката мировна конференција
Шведската фондација „Квина тил Квина“, која слави 30 години од своето основање во Западен Балкан, организираше феминистичка мировна конференција на Западен Балкан, која траеше од 21 до 23 март. На настанот присуствуваа претставници на партнерските организации, кои се осврнаа на улогата на жените и...
Контраспин: Секоја партија, па и ВMРО-ДПМНЕ, треба да се занимава и со дневна политика
Османи ја извртува вистината кога ја советува ВМРО-ДПМНЕ да не се занимава со дневна политика и тоа е освен спин и непринципиелен став, зашто, меѓу другото, опозицијата се занимава и со работењето на Османи и со работењето на вицепремиерот Артан Груби. Освен ова Османи...
МОН повторно најавува изедначување на стипендиите за сите ученици и студенти
Откако на почетокот од месецов Министерството за образование и наука (МОН) објави дека средношколците и студентите што земаат пониски стипендии треба да потпишат анекс на договорите за да ги земаат повисоките суми, стана јасно дека покачени стипендии ќе земаат само оние ученици и студенти...
Апелација ја потврди ослободителната пресуда за Мијалков за случајот „Тортура“
Апелациониот суд-Скопје ја потврди ослободителната пресуда за поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков и припадниците на поранешната полициска единица „Алфи“ во случајот „Тортура“, откако претходно ослободителна пресуда донесе и Кривичниот основен суд.
„Советот на Апелациониот суд-Скопје утврди дека првостепената пресуда е...
Пазарниот инспекторат за непочитување на замрзнатите цени пишува казни
Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во текот на минатата недела извршил повеќе од 160 инспекциски надзори на целата територија на државата, при што наплатил и издал над 175 прекршочни платни налози со вкупна вредност над 6,2 милиони денари.
Особено голем бил бројот на надзори во делот...
Намален бројот на абортуси кај жени и девојчиња на возраст под 20 години
Стапката на абортуси се намалила од 19 абортуси на 100 живородени деца во 2019 година на 17,1 во 2021 година. Во истиот период значајно е намален и бројот на абортуси кај жени и девојчиња на возраст под 20 години, покажуваат податоците од областа на...
Македонија ќе повика на одговорност за сите сторители на воени злосторства во Украина
Македонија повикува на одговорност за сите сторители на воени злосторства во Украина, е одговорот којшто денеска го даде министерот за надворешни работи Бујар Османи на прашањето за тоа како нашата земја би постапила откако Меѓународниот кривичен суд во Хаг на 17 март издаде налог...
„Иван Михајлов“ од Битола избришан од Централен регистар, официјална Софија реагира
Здружението Културен центар „Иван Михајлов“ - Битола од денеска не постои како правно лице во земјава. Тоа беше избришано од Централниот регистар (ЦР), откако вчера Министерството за правда до ЦР доставило Решение за неусогласеност на здружението со член 5 од Закон за изменување и...
Пет тима млади луѓе ќе изработат решенија за заштита на почвата со пари од програмата Апшифт
Пет групи составени од млади на возраст од 13 до 19 години добија по 120.000 денари за да ги остварат иновативните решенија за подобрување и заштита на почвените ресурси во заедницата и да се прилагодат на последиците од климатските промени.
Иноваторите беа избрани во рамките...
Кју нема спречено „глобален ковид план за депопулација“, затоа што таков не постоеше
Објавата што ја рецензираме не само што е невистинита, туку е и бесмислена. Ковид пандемијата не е планирана, туку таа е глобална здравствена кризна ситуација којашто беше надмината главно поради вакцинацијата и поради тоа што вирусот мутираше во поблаги варијанти, како и поради фактот...
Извршниот директор на ТикТок денеска ќе биде сослушан во американскиот Конгрес
Извршниот директор на ТикТок, Шоу Зи Чју денеска за првпат ќе сведочи во Конгресот на САД и ќе се соочи со американските законодавци. Политичката бура околу видео платформата се интензивира, а ТикТок се соочува со закана од администрацијата на Бајден дека ќе биде целосно...
Регионален настан во Штип за подобрување на пристапноста и инклузијата во училиштата
Во Штип денеска се одржа регионален настан со претставници од училишта, општини, невладини организации, општествено одговорни компании и семејства на ученици со попреченост кои посетуваат редовно образование, како дел од активностите на Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ кој е финансиран од Европската...
Централната банка на САД ја зголеми референтната каматна стапка
Американската централна банка повторно ги зголеми каматните стапки, и покрај стравувањата дека овој потег би можел да придонесе за финансиски превирања по низата банкарски неуспеси.
Федералните резерви (ФЕД) ја зголемија основната стапка за 0,25 процентни поени, нарекувајќи го банкарскиот систем „здрав и еластичен“. Но, исто...
Главните проблеми на граѓаните се поврзани и со преговорите со ЕУ
Владејачката гарнитура е задолжена прашањето на уставните измени да го држи секојдневно и високо на агендата, затоа што обврска на РСМ е тие да се спроведат до крајот на...