Приведен маж од Италија во Тетово поради сомнение за семејно насилство

Полициски службеници од СВР Тетово утрово околу 5:10 часот го привеле 53-годишниот Д.Б.Ф.Р. од Р.Италија, поради сомнение за семејно насилство врз неговата 50-годишна сопруга во Тетово. Како што информира МВР, приведувањето било извршено во Клиничката болница Тетово, откако билa поднесена пријава за физички напад. Лицето...

Избувна пожар на дивата депонија во Визбегово, градоначалникот на општина Шуто Оризари бара воздушна поддршка за справување со пожарот

Од Центарот за Управување со Киризи штотуку информираа дека во реонот на Визбегово, општина Шуто Оризари во близина на дивата депонија, повторно избувнал пожар кој се шири и претставува голем ризик за проширување кон околните површини. Има опасност бидејќи во близина се наоѓаат станбени...

Повторно се шират невистини дека дискотеката„Пулс“ во Кочани била намерно запалена

Видеоматеријалите, кои постојат од моментите на настанувањето на пожарот, покажуваат дека прскалките го зафаќаат просторот над бината додека на сцената и во дискотеката се одвива настапот, но не го потврдуваат она кое е изнесено во објавата дека „дискотеката била намерно запалена“   Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која...

Не е точно дека Зеленски ги протерал православците, па затоа САД ќе му ја сопрат испораката на оружје

Одлуката на Пентагон да ја сопре испораката на дел од оружјето во Украина нема никкава врска со некаква забрана на цркви во Украина, туку се заснова на проценки дека самата американска армија има намалени резерви со оружје за воздушна одбрана. Втората дезинформација која ја...

До утрово активни се седум пожари, два се локализирани, а изгаснати се 22

Центарот за управување со кризи утрово информира дека до седум часот на територија на цела држава активни се седум пожари, а два се локализирани. Според информациите на ЦУК, имало вкупно 31 пожар на отворен простор од кои 22 се изгаснати. Активни остануваат пожарите кај селото...

Неколку деца беа жртви меѓу дваесет лица кои загинаа во вчерашните израелските напади врз Газа

Цивилната одбрана во Газа соопшти дека 20 лица, меѓу кои најмалку шест деца, се убиени во израелските воздушни напади во текот на ноќта, пренесува Гардијан. Портпаролот на агенцијата, Махмуд Басал, изјави за АФП дека првиот погодил шатор во кој биле сместени раселени лица во Кан...

AП: Трамп изненаден од ненадејната одлука на Пентагон да ја паузира испораката на оружје за Украина

Минатата недела Пентагон најави дека ќе задржи дел од ветеното оружје за Украина, вклучувајќи ракети за противвоздушна одбрана, прецизно наведувана артилерија и друга опрема, поради загриженост дека американските резерви се при крај. Но, Трамп во понеделникот изјави дека САД ќе мора да испратат повеќе...

ИЈЗ: Во јуни евидентирани три нови случаи на ХИВ и на СИДА, едно лице починало

Во текот на месец јуни, пријавени се 2 случаи потврдени на ХИВ и еден случај на СИДА, сите три случи се од машки пол, пишува во новиот билтен на месечни заразни заболувања кој го објави Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). „Од новите случаи, два припаѓаат...

Трамп повторно ја одложи примената на царините кои требаше да стапат на сила денеска

Белата куќа на американскиот претседател Доналд Трамп првично вети 90 договори во рок од 90 дена, откако делумно го паузираше процесот на воведување т.н. „реципрочни“ царини, објави Би-Би-Си. Во реалноста, до претходниот краен рок кој го постави администрацијата на Трамп, 9 јули, не се постигнати...

Трамп го критикува Путин и најави дека ќе ѝ испрати на Украина 10 ракети „Патриот“

Доналд Трамп го изрази своето разочарување од Владимир Путин и вети дека ќе испрати 10 ракети „Патриот“ во Украина, откако во понеделникот објави дека испораките на американско оружје ќе продолжат, неколку дена откако беа запрени од Пентагон, пренесува „Гардијан“. Зборувајќи на состанок на кабинетот во...

Салмонела пронајдена во мострите од храна од која се затруле 38 лица во Прилеп

Во текот на месец јуни, до Институтот за јавно здравје е пристигната пријава за епидемија на алиментарна токсоинфекција предизвикана од Salmonella enteritidis, пишува во новиот месечен билтен за заразни заболувања кој го објави ИЈЗ. „Центарот за јавно здравје во Прилеп пријави епидемија на алиментарна токсоинфекција....

Нова компресивна облека наменета за повредените во трагедијата во Кочани

Во Кочани пристигна и беше официјално донирана втората пратка компресивна облека, обезбедена од граѓанската иницијатива Support Kocani, наменета за повредените од трагичниот настан од 16 март 2025 година. „Во оваа пратка се вклучени 43 парчиња компресивна облека, изработени по индивидуални мерки за 17 повредени лица....

ИЈЗ излезе со препораки за заштита на населението од пожар во непосредна близина

Лекарите во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) излегоа со препораки за заштита на здравјето на населението од пожар во непосредна близина. „Останете информирани, следете ги известувањата од надлежните служби преку средствата за информирање (радио, ТВ) или мобилни апликации. Почитувајте ги сите наредби за евакуација или...

Владата прогласи кризна состојба во траење од еден месец поради пожарите

На вчерашната седница, Владата донесе одлука за прогласување кризна состојба на територијата на државата заради зголемена појава на пожари, со времетраење од 30 дена. Како што информираат оттаму оваа одлука е донесена врз основа на седницата на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот...

Предложен притвор за лицето коешто предизвика пожар на улицата „Ѓорче Петров“

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност, бидејќи намерно иницирал пожар со кој предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од големи размери. Синоќа, на улицата „Ѓорче Петров“, осомничениот 57-годишник со...

Македонија стана дел од Програмата на Европската унија „Граѓани, еднаквост, права и вредности“

Од владата денес информираа дкеа Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани во Брисел денес ја потпиша Меѓународната спогодба за учество на РСМ во Програмата на Европската унија „Граѓани, еднаквост, права и вредности“. По повод потпишувањето на оваа значајна спогодба, Лимани ја потврди...

За кандидирање независни советници условот да биде од 20 до 100 потписи, бараат граѓанските организации

Девет граѓански организации и иницијативи денеска повторно апелираа да се повлечат заглавените противуставни измени на Изборниот законик и да се предложат нови кои ќе бидат во линија со одлуката на Уставниот суд во врска со можностите за кандидирање на незавсни советници на локалните избори...

Организации од Европа и Балканот апелираат УНЕСКО да го прогласи Охрид за наследство во опасност

Триесет и девет организации и една европска мрежа од 15 организации доставија писмо до Комитетот за светско наследство на УНЕСКО со кое бараат да се усвои нацрт одлуката за впишување на Охридскиот Регион во листата на светски наследства во опасност. Во седиштето на УНЕСКО...

Алиу: Правиме национална стратегија за унапредување на третманот на дијабетичарите и онколошките пациенти

Подготвуваме национална стратегија за унапредување на третманот на пациентите со дијабетес и онколошки заболувања. Мора да креираме систем кој ќе следи и ќе дефинира, со цел навремено и долгорочно обезбедување на потребната терапија, рече вчера Азир Алиу, министерот за здравство, во гостување на ТВ...

Трамп вети дека ќе испрати повеќе оружје во Украина

Претседателот Трамп штотуку изјави дека САД ќе испратат повеќе оружје на Украина за да ѝ помогнат да се одбрани од руската инвазија, тврдејќи дека неодамнешниот напад на Москва врз украинските градови му оставил малку избор, пренеусва Њујорк Тајмс. Коментарите на Трамп се чини дека сигнализираат...

Седумнаесет дена блокада на Кожув: Ќе стоиме овде до крај, нема да дозволиме хидроелектрани

Топла јулска недела, а екипа на Мета.мк полека вози по патот кон Смрдлива Вода, местото каде што на 29 јуни имаше голем протест против изградбата на хидроелектрани на реката...