fbpx

Чистењето на малата депонија со токсичен линдан ќе трае подолго од планираното

Рокот за чистење на малата депонија на токсичниот линдан во дворот на ОХИС истекува на крајот на следната година. Работите на терен сè уште не се започнати, бидејќи, заради пандемијата на коронавирусот, доцни изборот на компанија која ќе треба да ја собере и транспортира...

Казни за неносење маска на јавни места од затворен тип: Какви маски? Кои места? (видео)

По објавувањето дека е задолжително носењето на маски на јавни места од затворен тип во своето ново видео Кика Авеиро ни покажува какви маски може да носиме и на кои места е задолжително да се носат маските. https://www.youtube.com/watch?v=_ySh5O6kSd0&feature=youtu.be&fbclid=IwAR3-vZ-2-1JFrgM2vX_d4T4TYUPFV9tL8AaGXEsMuSpuPll3LzXGizN7Jzg

Индустриското производство во март се намалило за 13,4 отсто

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во март 2020 година опаднал за 13,4 отсто во однос на март 2019 година. Индексот на индустриското производство во првиот квартал од годинава е намален за 3,7 отсто во споредба со периодот јануари...

Оздравени 38 пациенти, потврдени 21 нови, уште двајца починати од корона вирусот

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 38 оздравени пациенти, починале двајца, а се регистрирани 21 новозаболени. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починал пациент од Скопје на 50 години, хоспитализиран на 6 април, а пациентот 17 дена бил...

Царовска: Ќе има пад на БДП, но рано е да се каже колкав ќе биде

„Имаме оптимистичко, но и песимистичко сценарио за намалувањето на приходите во буџетот. Но, сметам дека во суштина се движиме во рамки на очекуваното, како приходна страна. Очекувам овој пад на приходите се надмине кога економијата ќе се рестартира. Ќе има намалување, но се уште...

Откако си ги добија платите назад, судиите ќе издвоеле 20 отсто во фондот за справување со короната

Откако Уставниот суд привремено го запре извршувањето на владината уредба за исплата на минимални плати за судиите за април и мај, од Здружението на судии денеска велат дека тие ќе издвојат најмалку 20 отсто од нивните полни плати за април и мај на сметката...

Филипче негативен и на вториот тест за корона вирусот

Министерството за здравство информира дека и вториот резултат од тестирањето на министерот за здравство Венко Филипче е негативен на корона вирусот. „Денеска го добив резултатот од мојот втор тест на Ковид-19, кој исто како и првиот е негативен на вирусот. Со ова, практично, завршува мојата...

Шкриејљ: Семејното насилство што не се пријавува е поголемо од евидентираното

На денешната онлајн прес-конференција, дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ изјави дека не е забележано зголемување на бројот на случаи со семејно насилство, но дека бројот сам по себе не значи дека нема зголемување. „Она со кое се соочуваме кога станува збор...

Хелсиншки: Намалени се пријавите за отпуштање од работа, но и понатаму не се исплаќаат плати

Oд 15 до 28 април 2020 година до Хелсиншкиот комитет пристигнале 24 пријави за прекршување на работнички права, кои опфаќаат 552 работници. Оттаму информираат дека иако се намалуваат пријавите за отпуштања од работа и понатаму расте бројот на пријави од работници на кои платата...

Сојузот на синдикати смета дека Владата ќе придонесе да се зголеми бројот на невработени

Сојузот на синдикати на Македонија реагира на денешната изјава на министерката за финансии Нина Ангеловска во врска со олабавувањето на условите за задржување на бројот на вработени, при користење на мерката за субвенции на плати за стопанството. „Сојузот на синдикатите на Македонија и се „заблагодарува“...

УСАИД со дополнителни 330.000 долари за помош на ранливите групи граѓани

Агенцијата на САД за меѓународен развој, УСАИД, додели дополнителни 330.000  долари за справување со Ковид-19 во земјава, преку грант за Црвениот крст на Македонија. Грантот е дополнување на помошта од 1,1 милион долари од владата на САД, веќе доделени на нашата држава, за намалување...

Тања Мишчевиќ: ЕУ покажа дека е одличен сојузник на Западен Балкан

Европската Унија е силен поддржувач и сојузник на регионот Западен Балкан, работи на зајакнување на единствениот пазар како најдобриот начин за излегување од непредвидената криза предизвикана од корона вирусот. Нашиот регион треба да го следи тој пример и да продолжи да работи на засилување...

Од денеска нов бескаматен кредит од 8 милиони евра од Развојната банка

Од денеска микро, малите и средни претпријатија од сите дејности ќе можат да аплицираат за новата линија бескаматни кредити Ковид 2 во висина од 8 милиони евра. Досега вкупно 631 бескаматни кредити се одобрени од Ковид 1 линијата од Развојната банка, во износ од...

Владата отвори канал на „Вибер“, за точно информирање за корона вирусот

Владата отвори нов информациски канал на „Вибер“, за точно и навремено информирање на граѓаните со официјални и проверени информации поврзани со справувањето со корона вирусот, информираат од таму. „Првиот владин комуникациски канал на „Вибер“ (Viber Community) може да се најде под името „Коронавирус МК Koronavirus“,...

Здравствените работници имаа онлајн тренинг како да се заштитат од корона вирусот и да го спречат ширењето

Министерството за здравство во изминативе четири недели ја реализираше онлајн тренинг програма „Ковид-19 риспонс тренинг“ (COVID 19 Response Training) наменета за сите здравствени работници од јавните здравствени установи во земјава, информираат од таму. За само три недели близу 2.300 здравствени работници, медицински сестри и лекари,...

Наградата “Дипломат на годината“ годинава ја добива Кризниот штаб при МНР за борба со пандемијата

Дипломатите Елеонора Тодоровска, Миа Димитровска, Јумни Сали, Драган Богдановски, Агим Муртезани, Срѓан Хаџи-Николов, Катина Георгиев, Бекри Ајдини, Бони Цветановскa, Сашка Талевска, Решат Бериша, Есат Велиу, Марјан Софрониески, Синиша Иванковиќ, Атина Ничоска и Сузана Тунева, кои неуморно и посветено се справуваа со предизвиците при репатријацијата...

Уставниот суд им ја врати полната плата на функционерите, судиите и обвинителите, Владата негодува

Уставниот суд на денешната седница одлучи привремено да го запре извршувањето на три уредби на владата во период на вонредната состојба. Станува збор за уредбата со која сите избрани, именувани и назначени лица во јавниот сектор ќе добиваат минималец од 14.500 денари како месечна...

Енергетскиот сектор бара едуцирани „зелени“ работници кои ќе работат со нови технологии

Енергетскиот сектор кој се потпира на фосилни горива, традиционалното градежништво и третманот на отпадот се меѓу главните сектори кои ќе претрпат сериозни измени во трансформацијата кон зелена економија. Борбата со климатските промени и напорите за заштита на животната средина на глобално ниво, но и...

Прилеп доби 200 скафандери од кинескиот збратимен град Дејанг

Околу 200 заштитни униформи денеска доби Општина Прилеп, од збратимениот град Дејанг од провинцијата Си Чуан, Народна Република Кина. Оваа донација ќе биде реална помош за општината во справување со пандемијата од Ковид-19. - Во писмото кое градоначалникот на Дејанг, Хе Ли, го испрати до...

Китанов и Сугарески: Кризата не влијае на динамиката на изградба на патиштата

Со цел да ги демантираат, како што рекоа лажните вести, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов, дојдоа пред Штип, на местото каде се привршува градбата на патот Штип – Крупиште. Делницата од 19,5...

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...