fbpx

Наградата “Дипломат на годината“ годинава ја добива Кризниот штаб при МНР за борба со пандемијата

-

Дипломатите Елеонора Тодоровска, Миа Димитровска, Јумни Сали, Драган Богдановски, Агим Муртезани, Срѓан Хаџи-Николов, Катина Георгиев, Бекри Ајдини, Бони Цветановскa, Сашка Талевска, Решат Бериша, Есат Велиу, Марјан Софрониески, Синиша Иванковиќ, Атина Ничоска и Сузана Тунева, кои неуморно и посветено се справуваа со предизвиците при репатријацијата на македонските граѓани, затекнати во странство се македонските дипломати на годината, информираат од Министерството за надворешни работи (МНР).

Министерот за надворешни работи Никола Димитров упати срдечни честитки до наградените членови на Кризниот штаб, до сите дипломати, како и до македонските граѓани, посочувајќи дека работа на дипломатите е да им помагаат на граѓаните во странство, да ги промовираат државните интереси и да градат мостови на пријателства.

– Денес, на Денот на МНР, во услови на сериозни предизвици предизвикани од пандемијата, решивме на тој активен ангажман да му додадеме име и презиме и за прв пат, наградата „Дипломат на годината“ да ја доделиме на повеќе колеги кои во вонредни услови работеа извонредно. Честитки до нив и до сите дипломати, нека ни е честит Денот на МНР! – истакна министерот Димитров.

МНР исто така информира дека оваа година, со оглед на околностите, нема да биде одржана традиционалната прослава со која се одбележуваше овој ден.

Денеска се слави 51 годишнината од формирањето на Бирото за односи со странство во 1969 год, тело кое преку Секретаријат за односи со странство, во 1994 година се етаблираше како Министерство за надворешни работи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...