fbpx

Здравствените работници имаа онлајн тренинг како да се заштитат од корона вирусот и да го спречат ширењето

-

Министерството за здравство во изминативе четири недели ја реализираше онлајн тренинг програма „Ковид-19 риспонс тренинг“ (COVID 19 Response Training) наменета за сите здравствени работници од јавните здравствени установи во земјава, информираат од таму.

За само три недели близу 2.300 здравствени работници, медицински сестри и лекари, биле дел од интерактивните тренинзи кои се одвивале онлајн.

„Тренингот е развиен од страна на „Проџект хоуп“ (Project HOPE) заедно со Универзитетот „Браун“ од САД, и е базиран на препораките на СЗО за справување со ширењето на болеста и заштитата на здравствените работници. Истиот се спроведува во многу земји во светот погодени од кризата со Ковид- 19 вирусот. Имајќи го предвид фактот дека голем дел од здравствени работници во светот, за жал се заболени со Ковид-19, идејата на тренингот беше период од три недели да опфати значителен број на здравствени работници од сите сегменти на здравствениот систем, се со цел да се усвојат единствени заштити мерки за медицинскиот персонал и истовремено да се пружи адекватна нега во делот на превенција и ширење на инфекцијата и контрола на ситуацијата. Целта на едукацијата беше да се се утврдат протоколи за стабилизација на болните и првична ресуситација, дијагноза и менаџмент на ситуацијата, скрининг и тријажа, како и утврдување на капацитетите на здравствениот систем и негов развој,“ се вели во соопштението.

Од Министерство за здравство исто така велат дека бројката од 2.300 учесници кои понатаму протоколите ги пренеле во своите работни организации е од големо значење за намалување на трансмисијата на вирусот помеѓу здравствените работници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...