fbpx

Хелсиншки: Намалени се пријавите за отпуштање од работа, но и понатаму не се исплаќаат плати

-

Oд 15 до 28 април 2020 година до Хелсиншкиот комитет пристигнале 24 пријави за прекршување на работнички права, кои опфаќаат 552 работници. Оттаму информираат дека иако се намалуваат пријавите за отпуштања од работа и понатаму расте бројот на пријави од работници на кои платата не им била исплатена или им била намалена дури и за 50 проценти, незаконски повикувајќи се на институтот „виша сила“.

Најголем дел од прекршувањата (10) се однесуваат на неисплатени или намалени плати, додека пак седум пријави има за отпуштања од работа. По три пријави има за прекршување на мерките на Владата и за принудно користење на годишниот одмор и/или неплатено отсуство. Две пријави се по основ на други прекршувања, а за принудно спогодбено раскинување на договорот за вработување има само една пријава.

Како и претходната анализа на пристигнатите податоци за периодот 1 до 14 април, и овој пат повеќе права им се прекршени на работничките (66,6%), наспроти 33,3% работници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...