fbpx

Прилеп доби 200 скафандери од кинескиот збратимен град Дејанг

-

Околу 200 заштитни униформи денеска доби Општина Прилеп, од збратимениот град Дејанг од провинцијата Си Чуан, Народна Република Кина. Оваа донација ќе биде реална помош за општината во справување со пандемијата од Ковид-19.

– Во писмото кое градоначалникот на Дејанг, Хе Ли, го испрати до својот колега, градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, се истакнува поддршката за граѓаните на Северна Македонија и убеденоста дека брзата акција преземена од Владата и огромните напори направени од локалните власти, ќе придонесат за победа над коронавирусот – соопштуваат од Општина Прилеп.

Според градоначалникот Јованоски, скафандерите ќе бидат од голема важност пред сѐ за медицинскиот персонал од здравствените установи во градот. Тој изразува надеж дека по завршување на пандемијата, ќе се интензивира соработката меѓу двата града, првенствено на економски план.

А, денеска во Прилеп не се евидентирани нови случаи на заболени од Ковид – 19. На инфективното одделение во прилепската болница се хоспитализирани 16 граѓани позитивни на коронавирус. Двајца од нив се на кислородна поддршка, останатите се со стабилна клиничка слика. Во самоизолација се наоѓаат 315 лица. Во изминатото деноноќие немало нарушување на полицискиот час. Но, и покрај строгите мерки, во градот сѐ уште има граѓани кои што не носат заштитни маски. Сликата е забележителна како низ градот, така и во трговските објекти. Досега се евидентирани вкупно 143 заболени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...