fbpx

Индустриското производство во март се намалило за 13,4 отсто

-

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во март 2020 година опаднал за 13,4 отсто во однос на март 2019 година. Индексот на индустриското производство во првиот квартал од годинава е намален за 3,7 отсто во споредба со периодот јануари – март 2019 година.

Гледано по сектори, најголем пад на индустриското производство во текот на март 2020 година е забележан во секторот „преработувачка индустрија“ (14,3 отсто), по што следуваат „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ (11,5 отсто) и „рударство и вадење на камен“ (10,8 отсто).

„Намалувањето на производството во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на пијалаци, Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на други неметални минерални производи, Производство на метали, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки“, се наведува во соопштението на Државниот завод за статистика.

Според главните индустриски групи, производството во март 2020 година, во однос на март 2019 година, бележи опаѓање кај „енергија“ за 12 отсто, „интермедијарни производи, освен енергија“ за 11,9 отсто, „капитални производи“ за 20,1 отсто, „трајни производи за широка потрошувачка“ за 7,8 отсто и „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 11,1 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска: Членството во НАТО отвора можност за развој на науката и технологијата

„Членството во НАТО на сите членови на академската заедница- професори, истражувачи и студенти им отвора нова димензија на поддршка, на можност за соработка со колегите од сојузничките и партнерски...