fbpx

Тања Мишчевиќ: ЕУ покажа дека е одличен сојузник на Западен Балкан

-

Европската Унија е силен поддржувач и сојузник на регионот Западен Балкан, работи на зајакнување на единствениот пазар како најдобриот начин за излегување од непредвидената криза предизвикана од корона вирусот. Нашиот регион треба да го следи тој пример и да продолжи да работи на засилување и интензивирање на заедничките економски синергии коишто треба да бидат интегрален дел од стратегијата за економско закрепнување по пандемијата, порачува проф. д-р Тања Мишчевиќ, Заменик-генерален секретар на Советот за регионална соработка (RCC) во интервју за „Јуропиан Вестерн Балканс“.

– Откако кризата ќе заврши, целиот свет, па и нашиот регион, ќе мора силно да се посвети на економското закрепнување. Во регионот има речиси 350.000 компании, од кои 99,7 отсто се мали или средни. Пред пандемијата, прогнозата за економскиот раст на регионот беше меѓу 3,1 и 3,6 отсто, а во моментов Светската Банка го проценува растот на меѓу -1,2 и -3,8 отсто, што практично значи никаков раст. Пандемијата покажа дека регионалната соработка нема алтернатива и RCC ќе продолжи да ја зајакнува. Тоа е нашиот приоритет. Европската Унија, силен поддржувач и сојузник на регионот, работи на зајакнување на единствениот пазар како најдобриот начин за излегување од непредвидената криза предизвикана од корона вирусот. Нашиот регион треба да го следи тој пример и да продолжи на засилување и интензивирање на заедничките економски синергии по пандемијата – вели Мишчевиќ.

Таа ја потенцира помошта што ЕУ ја дава на регионот на Југоисточна Европа, одговарајќи на многуте дезинформации дека Балканот е заборавен.

– Ние сме можеби ирационални кога гледаме на поддршката од ЕУ на регионот, но природно ЕУ, којашто на почетокот на пандемијата беше вчудовидена, да се обиде да ги побара најдобрите решенија за справување со новата ситуација. Сепак, таа фаза траеше кратко и почнавме да добиваме помош од ЕУ во медицинска опрема, лекарства и респиратори. Таа исто така нè поддржа во воспоставувањето на Зелените коридори за непречен транспорт на стоки. И, на крајот, дополнително ќе бидат инвестирани големи фондови за борба против пандемијата и поддршка на мерките за справување со кризата предизвикана од пандемијата. Тоа изнесува повеќе од 1,4 милијарди евра во финансиска поддршка: од нив 700 милиони евра за борба против пандемијата и за социјално и економско закрепнување.

Дополнително, пред само два-три дена, Европската Комисија одобри пакет од три милијарди евра за макро-финансиска помош за Западен Балкан и земјите -партнерки – оние што ги соопштија своите потреби. Вкупната сума за економиите во регионот е 750 милиони евра и тие средства се овозможени на Албанија (180 милиони), Босна и Херцеговина (250 милиони), Косово !(100 милиони), Црна Гора (60 милиони) и Северна Македонија (160 милиони). Не смее да се запостават ни 800-те милиони од Солидарниот фонд, кој е на располагање на земјите-членки и на четирите економии во регионот што почнаа со преговори (Србија, Црна Гора, Албанија и Северна Македонија) – вели Мишчевиќ.

Таа се осврнува и на прашањето за Зелените коридори за непречен транспорт на стоки, лекови и медицинска опрема низ регионот и од регионот кон ЕУ, за кои пред извесно време се сметаше дека се невозможни. Taa смета дека тие се неочекуван успех.

– Да ми кажеше некој пред два-три месеци дека ќе треба да организираме Зелени коридори, ќе речев дека е невозможно! Но, тука сме и сведочиме на тоа. Мило ми е што имавме добра идеја, којашто сите економии на Западен Балкан беа подготвени да ја поддржат, и која ние, заедно со Транспортната заедница и Секретаријатите на ЦЕФТА, со здушна поддршка од ЕУ, ја спроведовме во практика. Нашиот регион има 18 надворешни и 14 заеднички гранични премини. Според податоците што ги имаме, 82 отсто од камионите ги користат коридорите што се дел од Зелените коридори. Од минатата седмица, во функција е и системот за најава и размена на информации за приоритетните стоки. Коридорите сега функционираат, времето на чекање не е долго, меѓу 5 и 60 минути, и граѓаните може да бидат спокојни. Ние сме задоволни со тоа – вели Заменик-генералната секретарка на Советот за регионална соработка.

Мишчевиќ го истакнува и регионалниот договор за роумингот за мобилната телефонија.

– Минатата седмица, и покрај сите пречки, успеавме да придонесеме сите во регионот да го потпишат Договорот за регионален роуминг, со што се отвори врата за намалување на трошоците за роуминг. Тоа се случи во јули минатата година, а се надевам дека следната година во Западен Балкан повеќе нема да има роуминг – вели Мишчевик.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...