Собранието ненадејно закажа седница за 17 часот

Собранието на Република Македонија ненадејно, за 17 часот, закажа седница на која на дневен ред ставени се три закони. Прва точка е предлог-закон за дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, по скратена постапка, втора точка е предлог-закон за изменување и за дополнување...

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ја прифатија методологијата на ДИК

ВМРО-ДПМНЕ ги повлекува сите амандмани и забелешки на методологијата за прочистување на избирачкиот список и ја прифаќа во целост онака како што Државната изборна комисија ја подготвила, соопштија од владејачката партија. „ДИК има законска надлежност, капацитет и целосна поддршка од државните институции да го прочисти...

Хан: Лидерите да се придржуваат до Договорот од Пржино

Еврокомесарот за добрососедска политика и за проширување, Јоханес Хан, денеска ги повика македонските политичките лидери да го спроведат Договорот од Пржино. - Би било одлично изборите да се спроведат во тој дух, на кој сите се посветени. Во секој случај политичките играчи во земјата треба...

Охрид подготвен за Богојавление – Водици

Во Охрид, утре, на чинот на фрлањето на светиот крст во водите на Охридско Езеро за празникот Богојавление - Водици, се очекуваат повеќе илјади гости, пред сè, домашни, но и индивидуални туристи од Бугарија, Србија и од другите земји од соседството. Хотелиерите и угостителите, и овојпат,...

Иванов ги повика лидерите на партиите да покажат одговорност

Претседателот Ѓорге Иванов ги повикува лидерите на политичките партии да покажат одговорност кон граѓаните и кон нивните и интересите на државата и да стават крај на политичката криза. Политичкиот договор кој беше постигнат за таа цел има јасни рокови и обврски, се вели во јавниот...

Александар Чичаковски (ДИК): Не разговарам со новинари

Европратеникот Ричард Ховид и еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, добиле две различни изјави за подготвеноста и за состојбата на Државната изборна комисија за изборите планирани за 24 април. Сакајќи да дознаеме која од двете изјави е точна и дали претседателот на ДИК,...

Хан на „Твитер“: Ќе обезбедиме поддршка за слободни и фер избори

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, утрово на својот твитер-профил напиша дека без разлика на одлуката на политичките партии, ЕУ ќе овозможи фер избори. „Ги уверувам граѓаните дека без разлика која ќе биде конечната одлука на политичките партии, ние ќе обезбедиме целосна поддршка...

Хан: Партиските лидери не можат да се договорат за датумот на избори

Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, по завршувањето на лидерската средба во Пржино, изјави дека не е постигнат договор затоа што три партии се согласиле предвремените парламентарни избори да се одржат на 24 април, но една партија била против. Хан истакна дека...

Груевски со пола владин кабинет на средба со Хан

Премиерот Никола Груевски, придружуван од Зоран Ставрески, Никола Тодоров, Никола Попоски, Илија Димовски и Мартин Протоѓер, тукушто пристигна во резиденцијата на Европската унија во Пржино. Се очекува еврокомесарот Јоханес Хан да има одделна средба со претставниците на владејчката партија. По завршувањето на оваа средба треба да...

Јанева ги побарала од судот предметите за Мартин Нешковски и за Љубе Бошкоски

Покрај докази од предметот „Пуч“, специјалната обвинителка Катица Јанева од судот ги побарала и предметите за убиството на Мартин Нешковски и за случајот „Изборна кампања“, во кој осуден е Љубе Бошкоски, соопшти денеска Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Од кабинетот на Јанева, укажуваат дека не наишле...

Груевски ја доставил оставката до Вељаноски

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, соопшти дека денеска му била доставена оставката од премиерот Никола Груевски и дека тој ќе постапи во согласност со уставните, законските и со деловничките права и обврски. „Истовремено, имајќи ги предвид преземените политички обврски на лидерите на најголемите...

Груевски денеска ќе ја депонира оставката во Собранието

Премиерот Никола Груевски, во синоќешното обраќање до јавноста, соопшти дека денеска наутро до претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, ќе ја депонира оставката на функцијата премиер. - Утре до претседателот на Собранието ќе го испратам писмото со оставката на функцијата претседател на Владата, која ќе биде...

Заев: Без прочистен избирачки список и без договор за медиумите, не се можни фер избори

Спроведувањето на Договорот од Пржино и шансите за фер и слободни избори биле тема на средбата меѓу лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и германската амбасадорка во земјава, Кристине Алтхаузер, одржана попладнево, соопшти СДСМ. „Без прочистен избирачки список и без обезбедување механизми за професионално известување на...

Ванхауте е оптимист дека денеска ќе се решат преостанатите две прашања од договорот

Белгискиот олеснувач Питер Ванхауте пред денешната средба на работната група во Клубот на пратеници, рече дека е оптимист и дека се надева дека денеска ќе се решат двете преостанати прашања од Договорот од Пржино. Тој рече дека денеска ќе се разговара за два проблеми, односно...

Спасовски: Откривме 70.000 дупликати на возачки дозволи

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска на прес-конференција обелодени нови докази за злоупотреби на лични документи, овојпат 70.000 дупликати на возачки дозволи откриени во магацинот на МВР. Дупликатите, според Спасовски, се откриени во рамките на истрагата за незаконското издавање лични карти. Според истрагата, во овој...

Граѓанскиот сектор со писмо до Хан: Да се одложат предвремените избори

Повеќе од 70 граѓански организации, платформи и иницијативи денеска испратија писмо до еврокомесарот Јоханес Хан и до другите меѓународни фактори активни во решавањето на политичката криза, со кое укажаа дека во овој момент не се исполните клучните услови и дека не постои поволна атмосфера...

Рочиштето за „Пуч“ одложено на барање на Јанева

Рочиштето за случајот „Пуч“ денеска повторно беше одложено, овојпат за 2 март 2016 година. Одложувањето го побараа обвинителките од Специјалното обвинителство, Катица Јанева и Ленче Ристовска. Тие побараа повеќе време и можност да направат увид во доказите. Исто така, обвинителките побараа, доколку судот не е во...

Продолжуваат преговорите на работните групи со Ванхауте

Работна група составена од претставници на четирите политички партии потписнички на Договорот од Пржино, денеска во 14.30 часот ќе се сретне за да ги продолжи преговорите за медиумите и за правилникот за методологија за водење и за ажурирање на избирачкиот список, најави белгискиот олеснувач Питер...

Германија се интересира за напредокот во преговорите за името

Грчко-македонските односи и преговорите за решавање на спорот за името беа една од клучните теми на разговор во Берлин меѓу грчкиот заменик-министер за надворешни работи задолжен за европски прашања, Никос Ксидакис, и неговиот германски колега, заменик-министер за европски прашања Мајкл Рот. Рот се интересирал за...

Граѓански организации утре пред Делегацијата на ЕУ ќе му упатат заедничко писмо на Хан

Утре напладне, пред Делегацијата на Европската унија во Скопје, претставници на повеќе од 70 граѓански организации, платформи и иницијативи ќе одржат прес-конференција. Граѓанските здруженија на прес-конференцијата ќе ја презентираат содржината на заедничко писмо упатено до еврокомесарот Јоханес Хан и до други меѓународни фактори што помагаат во...

Македонските стрип-автори меѓу најбројните на Меѓународниот салон во Белград

На 21. Меѓународен салон на стрип во Белград, кој од 26 до 29 септември се одржува во Студентскиот културен центар, македонските учесници традиционално се меѓу најбројните. На распишаниот стрип-конкурс...