Утре ќе настапи значителна промена на времето, најави УХМР.
Од утринските часови најпрво во северните делови ќе има повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Ќе дува силен ветер (наместа над 70км/ч), а дневната температура значително ќе се намали, за 6 до 8 степени.
В понеделник ќе продолжи да дува силен ветер, а дневната температура ќе се намали за дополнителни 4 до 6 степени.
„Потоа во следните два дена времето ќе биде сончево со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. Од четврток се очекуваат нови врнежи од дожд“, известува УХМР.