fbpx

Заев: Без прочистен избирачки список и без договор за медиумите, не се можни фер избори

-

Спроведувањето на Договорот од Пржино и шансите за фер и слободни избори биле тема на средбата меѓу лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и германската амбасадорка во земјава, Кристине Алтхаузер, одржана попладнево, соопшти СДСМ.

„Без прочистен избирачки список и без обезбедување механизми за професионално известување на медиумите, не се можни фер и демократски избори“, рекол Заев на средбата.

На средбата, како што стои во соопштението на СДСМ, била изразена согласнот дека следните избори во Македонија мора да бидат слободни и фер, бидејќи тоа ја дефинира иднината на граѓаните и на државата.

„Претседателот Заев информираше и за скандалот со злупотребата на незаконски лични карти од страна на власта во изборни цели, што е силен аргумент дека се потребни цврсти гаранции од институциите и, пред сè, од Државната изборна комисија дека граѓаните на следните избори ќе гласаат според доверлив избирачки список“, се додава во соопштението на СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...