fbpx

Исламска држава тврди дека стои зад нападите во Џакарта

-

Терористичката организација Исламска држава тврди дека стои зад серијата бомбашки напади што денеска се случија во главниот град на Индонезија, Џакарта, јавуваат светските медиуми.

Во соопштение, објавено од Исламска држава, било наведено дека нападите биле изведени од „војници на калифатот“, а цел биле „граѓаните на крстоносната коалиција“.

Според информациите, во нападите се убиени најмалку двајца цивили и петмина напаѓачи. Нападите во Џакарта, според „Би-Би-Си“, се опишуваат како имитација, односно како обид тие да бидат изведени на идентичен начин како оние во Париз, на 13 ноември минатата година.

Престрелката меѓу безбедносните сили на Индонезија и напаѓачите траела неколку часа, во реонот на Џакарта каде се лоцирани главните трговски и бизнис-центри.

Како што пренесува „Би-Би-Си“, шефот на полицијата во Џакарта, Тито Карнавиан, изјавил дека Индонезиецот Бахрун Наим, познат на властите од 2010 година и за кого се смета дека во моментов е во Сирија, подолго време планирал вакви напади.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...