fbpx

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ја прифатија методологијата на ДИК

-

ВМРО-ДПМНЕ ги повлекува сите амандмани и забелешки на методологијата за прочистување на избирачкиот список и ја прифаќа во целост онака како што Државната изборна комисија ја подготвила, соопштија од владејачката партија.

„ДИК има законска надлежност, капацитет и целосна поддршка од државните институции да го прочисти Избирачкиот список и да ги преземе сите неопходни активности за спроведување фер и демократски избори. ВМРО-ДПМНЕ ја охрабрува ДИК да работи во согласност со законот и да вложи максимални напори за исолнување на обврските за кои има доволно време, и сите институции да ги исполнат обврските за слободни, фер и демократски избори и за градење демократска атмосфера“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Методологијата ја прифати и ДУИ. Од партијата информираат дека овој чекор го презеле за да се надминат сите можни пречки за изборниот процес и ги повикуваат сите страни да го дадат својот придонес за да се заклучи овој важен процес за земјата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...