fbpx

Ванхауте е оптимист дека денеска ќе се решат преостанатите две прашања од договорот

-

Белгискиот олеснувач Питер Ванхауте пред денешната средба на работната група во Клубот на пратеници, рече дека е оптимист и дека се надева дека денеска ќе се решат двете преостанати прашања од Договорот од Пржино.

Тој рече дека денеска ќе се разговара за два проблеми, односно за медиумите и за методологијaта за прочистувње на избирачкиот списиок.

– Очекуваме дека денеска ќе има конструктивна соработка од сите партии и има индиции дека денешните разговори ќе бидат подобри од тие што се водеа претходно. Денеска ќе работиме до кога е потребно за да направиме еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, утре да може полесно да заклучи некој од поголемите проблеми – рече Ванхауте.

Одговрајќи на новинарско прашање, тој рече дека работат на тоа да се овозможат добри и фер избори и дека не се сомнева дека премиерот Никола Груевски ќе си ја исполни својата обврска и ќе поднесе оставка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Кажи со раце“: Младински настан за Меѓунaродниот ден на знаковниот јазик

Младински образовен форум и Здружението на глуви и наглуви „Млад знак“ утре ќе го одбележат Меѓунaродниот ден на знаковниот јазик, во 17:00 часот, во Паркот на франкофонијата во Скопје,...