fbpx

Рочиштето за „Пуч“ одложено на барање на Јанева

-

Рочиштето за случајот „Пуч“ денеска повторно беше одложено, овојпат за 2 март 2016 година.

Одложувањето го побараа обвинителките од Специјалното обвинителство, Катица Јанева и Ленче Ристовска.

Тие побараа повеќе време и можност да направат увид во доказите. Исто така, обвинителките побараа, доколку судот не е во можност да им ги достави доказите, да им обезбеди просторија и пет работни дена временски рок, во кој сите обвинители на Специјалното јавно обвинителство ќе можат да дојдат во судот и ќе можат да направат увид.

Судијката Љубинка Башевска го одобри барањето на Специјалното јавно обвинителство и рочиштето го закажа за 2 март. Одбраната не се противеше на барањето на јавните обвинителки.

По завршувањето на рочиштето, Јанева во изјава за медиумите рече дека претходно, обвинителката Ленче Ристовска вршела увид во доказите од случајот „Пуч“ и констатирано е дека тоа не може да го направи сама. Од таа причина, потребно е сите обвинители од Специјалното јавно обвинителство да го вршат увидот.

– Ние доаѓаме на увид и за другите предмети, иако тоа е нова практика на судот. Претходно, доказите ни ги доставуваа на увид во нашите обвинителства. Логично е според новиот Закон за кривична постапка, да ни ги доставуваат доказите, но ќе постапуваме како што ќе ни каже судот – изјави Јанева.

Таа додаде дека сите јавнообвинителски одлуки и за други случаи, ќе бидат готови до 15 март, како што е рокот.

По судењето, изјава за медиумите даде и лидерот на опозицијата, Зоран Заев, кој рече дека 2016 ќе биде година на правда и на вистински вредности. Според него, одложувањето на рочиштето е логично затоа што доказите сè уште не се предадени на увид на специјалната јавна обвинителка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не е точно дека француски трупи пристигнале во украинскиот град Славјанск

Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја...