Зеќири со емотивен настап пред судот побара ослободителна пресуда

Пресудата за предметот против поранешниот секретар на Владата ќе биде објавена следниот петок, на 1 декември

-

Досега не сум бил осудуван, не сум имал проблеми со законот, бев коопертивен во целата судска постапка. Со ослободителна пресуда ќе се стави крај на мојата агонија и страдања, но и на страдањата на моето семејство, кое 593 дена живее тежок живот во тешка сенка надвисната над нив, како колатерална штета на ова обвинение.

Ова денеска го истакна Мухамед Зеќири, поранешен генерален секретар во Владата, во неговите завршни зборови пред судот. Тој побара ослободителна пресуда за предметот кој се води против него и соопшти емотивни детали од неговиот приватен живот.

„На почетокот на годината ненадејно почина и мојот брат кој остави зад себе три малолетни деца. Потоа на мојата сопруга ѝ беше дијагностицирана тешка болест. 593 дена сум стигматизиран во јавноста и не сум во состојба да заработувам и да ги издржувам моите деца, три мои и едно од претходниот брак на сопругата. Во моментов сите трошоци паѓаат на плеќите на родителите на мојата сопруга кои од странство дојдоа во Скопје за да ја преземат целокупната грижа за нас. Сметам дека судот не треба да дозволи покрај сувото да изгори и суровото и се надевам дека објективно ќе се види дека наводите на обвинителството се реално неосновани“, кажа Зеќири во своето обраќање пред судот.

Пресудата за овој предмет ќе биде објавена следниот петок, на 1 декември.

Според обвинението, Зеќири во периодот од април 2021 до јануари 2022 година како генерален секретар на Владата, без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги со фирма во вкупна вредност од речиси еден милион евра, односно биле платени 147.000 евра повеќе од претходно договорените 795.000 евра.

Тошковски: Седум полициски службеници осомничени за креирање на лажната лиценца на дискотеката во Кочани

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешното обраќање за медиумите изјави дека лажната лиценца издадена на дискотеката „Пулс“ не е единствена и дека има најмалку уште една. За издавање на...

Велешани им оддадоа почит на жртвите во Кочани

„Тагата е уште потешка кога знаеме дека не е судбина, туку последица на корупција“, „Каде да фатиме врски за да ги вратиме жртвите?“, „Одеднаш тишината стана посилна од секој врисок“, беа...

Манев: Палевски треба да го прашате зошто ги уби Вања и Панче

Судењето за убиството на Вања и Панче денеска во Основен Кривичен суд Скопје продолжи со испитување на обвинетиот Велибор Манев. Тој одговараше на прашањата на бранителите на останатите обвинети и истакна дека...

Мариника Тепиќ објави фотографија на која наводно се гледа звучниот топ на српската полиција (Фото)

Потпретседателката на Партијата на слободата и правдата (ССП), Мариника Тепиќ, објави фотографија од протестот на 15 март во Белград на која се гледа уред што личи на звучен топ LRAD 450XL...

Тошковски: Седум полициски службеници осомничени за креирање на лажната лиценца на дискотеката во Кочани

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешното обраќање за медиумите изјави дека лажната лиценца издадена на дискотеката „Пулс“ не е единствена и дека има најмалку уште една. За...