fbpx

Mилошоски куртули од затвор, застаре кривичното гонење за „Моќник“

Според обвинението, обвинетите со продажбата на објектот нанеле штета на државата од 1.795.800 денари (околу 30.000 евра) и за продажбата на земјиштето нанеле штета на општината Македонски Брод во значителна вредност од 1.176.000 денари (речиси 20.000 евра)

-

За случајот познат во јавноста како „Моќник“, јавниот обвинител во завршните зборови извршил прецизирање на диспозитивот на обвинителниот акт во обвинителен предлог, а извршил и промени во правната квалификација на кривичните дела за кои беа обвинети, соопшти денеска Основниот кривичен суд.

„Првообвинетиот М.М. и второобвинтетиот В.М. сториле кривично дело Измама, а третообвинетиот А.М. сторил кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување. Согласно направените измени, во фаза на завршни зборови, судот, по сила на Законот донесе пресуда со која обвинителниот предлог се одбива заради настаната апсолутна застареност на кривичното гонење“, наведено е во соопштението.

Во него се додава дека трошоците на постапката паѓаат на товар на буџетот на РСМ.

Предметот се однесуваше на продажба на имот (зграда од 157 квадратни метри и дворно место од 3.920 квадратни метри) во село Ижишта, сопственост на општина Македонски Брод. Предметот, според електронскиот АКМИС, ќе се распореди кај судија, кој ќе треба да го закаже рочиштето за старт на судскиот процес. Според обвинението, штетата што е направена на општина Македонски Брод и на државниот буџет изнесува околу 50.000 евра.

Во текот на 2011 година прво и второобвинетиот, заеднички, со намера првообвинетиот да прибави противправна имотна корист, ги довеле во заблуда советниците во Советот на општина Македонски Брод, со лажно прикажување и со прикривање на факти за правниот статус и вистинската вредност на недвижностите – предмет на продажба. Тие ги навеле советниците да изгласаат одлука за отуѓување на недвижен имот за кој советниците сметале дека е ’поранешниот задружен дом‘, а всушност одобриле отуѓување на зграда и дворно место во село Ижишта – Македонски Брод, која ја користела општина Пласница. Со продажбата на објектот нанеле штета на Северна Македонија во значителна вредност од 1.795.800 денари (околу 30.000 евра) и за продажбата на земјиштето нанеле штета на општината Македонски Брод во значителна вредност од 1.176.000 денари (речиси 20.000 евра).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...