fbpx
Таг: Македонски Брод

таг: Македонски Брод

Mилошоски куртули од затвор, застаре кривичното гонење за „Моќник“

За случајот познат во јавноста како „Моќник“, јавниот обвинител во завршните зборови извршил прецизирање на диспозитивот на обвинителниот акт во обвинителен предлог, а извршил и промени во правната квалификација на кривичните дела за кои беа обвинети, соопшти денеска Основниот кривичен суд. „Првообвинетиот М.М. и второобвинтетиот В.М. сториле кривично дело Измама, а третообвинетиот А.М. сторил кривично дело Злоупотреба на службената положба...

Општина Кичево троши повеќе за обештетување за каснувања, отколку за третман на кучињата-скитници

Само за една година, Општина Кичево потрошила повеќе пари за обештетување на лицата кои се каснати од кучиња-скитници, отколку за третманот на кучињата. Според податоците што ги обезбеди Порталб.мк, во текот на 2022 година Општината наменила 1,2 милиони денари или 19.500 евра за прашањето на третманот на кучињата-скитници, а од друга страна дала околу 7 милиони денари, или над...

Најкритична состојбата со пожарите е во Пехчевско и кај Македонски Брод

Шумските пожари по тромесечната суша во земјава се закануваат да уништат уште дрвја и друга вегетација, а напорите да се изгаснат најголемите жаришта уште не вродија плод. Во локализирања и гасење на шумските пожари се ангажирани пожарникарите, доброволци, војници, но и пет хеликоптери, од кои три дојдени на испомош од Србија. Од Бугарија стигнаа 25 пожарникари со 5 возила, што...

Ахмеди: „Студенчица“ летово веројатно ќе има доволно вода за сите населени места

Ова лето сите општини приклучени на регионалниот водовод „Студенчица“ ќе имаат доволно вода за пиење. Досега изворот има доволни количества вода, а надлежните прогнозираат дека хидролошката состојба и натаму ќе биде поволна, дознаваме од Урим Ахмеди, директор на Јавното претпријатие за водоснабдување „Студенчица“. „Досега врнежи има доволно, нема никакви проблеми, и ниту една од општините не се пожалила на проблеми...

Антикорупциска ќе ги проверува времените вработувања во УЈП и в.д. директорите во здравството

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) ќе преиспитува 36 вработувања во Управата за јавни приходи (УЈП) преку агенции за времени вработувања од 2017 година досега, поради сомнеж дека станува збор за партиски вработувања. Меѓу вработените се и сопругата на директорот во оставка на затворот во Шутка, Ѓоко Котевски, и сестра на пратеничката од СДСМ, Тања Ковачев. Истовремено, антикорупционерите ќе...

Затвореник починал во скопски Клинички центар, Србин пронајден мртов на улица

Затвореник што боледувал од рак вчера починал во Клинички центар - Скопје, а српски државјанин бил пронајден мртов на улица во Македонски Брод, соопштува полицијата. Според билтенот на МВР, вчера, рано наутро, во затворското одделение на Клинички центар починал П.Ј. (60) од Скопје, кој боледувал од карцином на грлото. Тој издржувал затворска казна во „Идризово“. Во вториот случај, жител на Радовиш вчеравечер...

Локализирани пожарите во Зајас и во Македонски Брод

Дирекцијата за заштита и спасување соопшти дека пожарите во општина Зајас и во Македонски Брод се локализирани. Локализиран е пожарот меѓу селата Зајас и Горно Строгомиште, каде што беа опожарени два хектара борова шума. Во гаснењето ангажирани биле 40 лица од Дирекција за заштита и спасување, Територијалната противпожарна бригада, АРМ, „Македонски шуми“ и доброволци. Локализиран е и пожарот кај местото наречено...

75-годишна жена осомничена за пожар во Македонски Брод

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Македонски Брод до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против С.Б. (75) од Скопје, поради постоење основано сомнение дека предизвикала пожар. „С.Б на 16. овој месец околу 09 часот во нејзина нива лоцирана на место викано „Ограда“ атар на село Волче, општина Македонски Брод запалила суви дрва - гранки од цреша, со намера наведеното...

Главниот штаб на ЦУК одржа седница за пожарите во Македонски Брод и во Чашка

Центарот за управување со кризи денеска одржа седница на главниот штаб за управување со кризи откако Владата вчера, поради пожарите, донесе одлука за прогласување кризна состојба на подрачјето на општините Македонски Брод и Чашка. Како што информираат од ЦУК, со седницата раководел неговиот директор Агрон Буџаку, а присуствувале претставници на АРМ, на министерствата за внатрешни работи, здравство и за транспорт...

Активни пожарите во Чашка, Македонски Брод и во Маврово – Ростуше

Дирекцијата за заштита и спасување соопшти дека во 12 часот се регистрирани активни пожари во општините Чашка, Македонски Брод и Маврово - Ростуше. Ангажирани се два авиона, хеликоптери, 40 лица преку ДЗС во координација со „Македонски шуми“, како и месно население. Во Чашка пожарот е кај селото Богомила, местото Бела Вода и во Урбанци, село Дреново. Пожарот е на терен...

Владата прогласи кризна состојба на териториите на Македонски Брод и на Чашка

Владата вечерва одржа седница за состојбата со пожарите и донесе одлука за прогласување на кризна состојба на подрачјата на општините Македонски Брод и Чашка, затоа што таму веќе неколку дена има активни пожари, информираше министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој е и претседател на Управувачкиот комитет за координација и управување со кризи. - Анализирајќи ги сите состојби, пред сè во...

Салиу: Пожарот кај Требовље веројатно е подметнат

Има индиции дека некој околу хидроцентралата Козјак вчера нешто потпалувал, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Шабан Салиу, за пожарот кај село Требовље. Салиу обвини дека поради несоработката со некои лица од локалната самоуправа, пожарот се раширил. - Десет луѓе го напуштија местото, мислеа дека треба да седат до 12 часот и се повлекоа. Ги молев да се вратат, но, за...

ЦУК: Пожарот кај село Требовље сè уште е активен

Пожарот во атарот на село Требовље е сè уште активен кај местото Лутоец и покрај патот што води од селото Самоков, односно кај местото Дреноец, кој се протега низ борова шума од двете страни на патот. Жариштето е кај местото Јасикоец, кое се наоѓа во непосредна близина на патот и населеното место Растеш, соопштува Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во моментов во...

Изброени половина од гласовите: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски

Водство на претстедателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, покажуваат првичните резултати што ги објави Државната изборна комисија (ДИК). Според извештаите, од обработени 59,61 отсто од гласачките места, таа има...