fbpx

Милошоски: Новата влада веројатно ќе ја сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ, „Вреди“ и ЗНАМ

Неговата објава доаѓа по вчерашното прегласување за парламентарните избори на седум избирачки места, при што „Вреди“ доби еден пратеник повеќе на сметка на „Европскиот фронт“ предводен од ДУИ

-

Новата влада се очекува до 20 јуни, а најверојатно ќе ја сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ, „Вреди“ и ЗНАМ, напиша на социјалната мрежа „Х“, пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

Неговата објава доаѓа по вчерашното прегласување за парламентарните избори на седум избирачки места – шест во петтата и едно во шестата изборна единица.

Резултатите што синоќа ги соопшти Државната изборна комисија (ДИК) покажуваат дека ДУИ изгуби еден пратенички мандат, додека коалицијата „Вреди“ доби еден пратеник плус во Собранието. „Вреди“ сега има 14 пратеници, на сметка на „Европскиот фронт“ предводен од ДУИ, кој наместо 19, сега има 18 пратеници.

Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ е победник на парламентарните избори со освоени 58 пратенички места. „Коалицијата за Европска иднина“ предводена од СДСМ има 18, додека движењето ЗНАМ – За наша Македонија и Левица имаат по шест мандати.

Движењето ЗНАМ досега официјално не потврди дека ќе биде дел од новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Муцунски во МНР, Тошковски во МВР, Мисајловски министер за одбрана, Мицкоски ги соопшти имињата на својот кабинет

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар Христијан Мицкоски вечерва ги соопшти имињата на предлозите од коалицијата „Твоја Македонија“ за кандидати за членови на новата влада. Министер за надворешни работи и...