петок, 15 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: случај Пуч | 49 резултати

Јанкулоска: Никој не е недопирлив, па ни НВО финансирани од Сорос

јануари 30, 2017

„Никој не е недопирлив, па ни невладините организации финансирани од Сорос… Потребно е да има еднакви правила и ред и во функционирањето на невладиниот сектор, а институциите мора да бидат оставени непречено да постапуваат и да си ја работат сопствената работа“, вели во интервју за „Дневник“ поранешната министерка за внатрешни работи и висок функционер на […]

ВМРО-ДПМНЕ: Новите истраги на СЈО се уште една нарачка на Заев и на СДСМ

јануари 24, 2017

Денешното отворање на новите истраги е уште една партиска нарачка и продолжување на непрофесионалното, политичко постапување на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по повод соопштението на СЈО. – Ова е уште еден дефокус на Катица Јанева од срамната одлука за повлекување од предметот „Пуч“. Катица Јанева го загуби професионалниот кредибилитет во […]

Ѓорчев: Јанева да не помисли да украде, да уништи или да сокрие ни еден доказ од „Пуч“

јануари 21, 2017

Зоран Заев, благодарение на Бранко Црвенковски и на Катица Јанева, е единствениот политичар и во Европа и во светот кој е двапати аболиран, изјави денеска членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев, во врска со одлуката на Специјалното јавно обвинителство да се откаже од обвинението за случајот „Пуч“. – Катица Јанева знаеше дека има […]

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе има правда и мир кога Заев ќе одговара на суд, а Јанева нема да го спасува

јануари 20, 2017

„Ќе има правда и ќе има мир кога криминалци како Зоран Заев ќе одговараат пред судовите и кога нема да постојат разни Катици и специјални јавни обвинителства за да ги спасуваат“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ во врска со вчерашната седница на извршниот комитет на на партијата, на која била разгледувана и анализирана одлуката на […]

СДСМ: Груевски и неговите соработници се единствените на кои им пречи СЈО

јануари 19, 2017

Никола Груевски и неговите соработници се единствените на кои им пречи Специјалното јавно обвинителство, кое е формирано и со неговиот потпис и со гласовите на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, стои во реакцијата на СДСМ на денешната прес-конференција на Антонио Милошоски, член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а во врска со вчерашната одлука на СЈО за повлекување […]

Милошоски: Со одлуката на Јанева за аболиција на Заев нема причина за постоење на СЈО

јануари 19, 2017

ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно реагира на одлуката на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), објавена вчера, за повлекување на обвинението за случајот „Пуч“. Членот на извршниот комитет на партијата, Антонио Милошоски, на прес-конференција истакна дека СЈО нема никаков „професионален ниту институционален легитимитет“ и дека е „само политички инструмент и продолжена рака“ на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. – […]

Вељаноски: СЈО со одлуката за „Пуч“ потврди дека е партиски разгранок на СДСМ

јануари 18, 2017

Со денешната одлука за повлекување на обвинението за случајот „Пуч“, СЈО потврди е партиски разгранок на СДСМ/Сорос, изјави денеска на прес-конференција актуелниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен претседател на Собранието, Трајко Вељаноски. Тој истакна дека Јанева „не е обвинител кој работи независно туку по наредбите на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и на нарачателите од странство“. […]

СДСМ: Одлуката на СЈО потврди дека „Пуч“ е монтиран судски процес, инициран од Груевски

јануари 18, 2017

Пропадна најголемиот, најочајниот и најнискиот обид за монтиран судски процес во независна Република Македонија, инициран од поранешниот премиер Никола Груевски, се вели во соопштението на СДСМ, во врска со одлуката на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за повлекување на обвинението за случајот „Пуч“, во кој еден од обвинетите е лидерот на партијата, Зоран Заев. – Со […]

СЈО го повлече обвинението за „Пуч“ оти било спротивно на доказите

јануари 18, 2017

Специјалното јавно обвинителство се откажува и го повлекува обвинителниот акт за случајот „Пуч“, во кој меѓу обвинетите се лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и поранешниот директор на Управата за безбедност и конраразузнавање, Зоран Верушевски. Како што информираат од СЈО, причина за ваквата одлука е тоа што „фактичката состојба прикажана во обвинителниот акт е во спротивност […]

Два и пол месеци нема безбедносни сертификати за судијките поротнички во „Пуч“

јануари 16, 2017

И по два и пол месеци, двете нови судијки поротнички во случајот „Пуч“ сè уште немаат добиено безбедносни сертификати, потврдуваат за „Мета“ од Кривичниот суд. Од добивањето на безбедносните сертификати за поротничките зависи датумот за следното рочиште за случајот „Пуч“, во кој меѓу обвинетите се лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и поранешниот директор на Управата […]

СЈО: Сè повеќе граѓани проверуваат дали се прислушувани

декември 9, 2016

Вкупно 81 барање до денеска пристигнале во Специјалното јавно обвинителство од граѓани кои се интересираат дали нивните телефонски броеви биле незаконски следени, соопшти денеска СЈО, додавајќи дека барањата се однесуваат на вкупно 245 телефонски броеви. Од СЈО велат дека сите заинтересирани лица можат до нив да упатат писмено барање, во кое ќе го наведат телефонскиот […]

Со „Таргет“ обвинетите во „Пуч“ ќе станат сведоци, а сведоците обвинети

ноември 19, 2016

Што ќе се случи со обвинението за случајот „Пуч“ по отворањето на новата истрага на Специјалното јавно обвинителство? Дали ќе биде повлечено, проширено со нови обвинети или, пак, на обвинителната клупа на местото на сегашните ќе се седнат сега осомничените во случајот „Таргет“? Тоа ќе се знае откако судскиот процес и официјално ќе почне. Засега единствено […]

Терминот „таргет“ СЈО го украде од Груевски

ноември 18, 2016

Кодното име „Таргет“ на најновата истрага на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) случајно или пророчки лани во јануари го спомна актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ и тогашен премиер, Никола Груевски, токму во контекст на незаконското прислушување. Груевски, во своето обраќање на 25 февруари 2015 година, еден месец откако МВР го објави во јавноста случајот „Пуч“ и поднесе кривична […]

Груевски вети, но не оствари дека пред судот ќе одговори на сите прашања за „Пуч“

ноември 2, 2016

„Ќе одговорам на сите прашања во судската постапка, која ќе биде јавна и транспарентна и за домашната и меѓународната јавност и ве повикувам да го следите случајот“. Ова на 31 јануари лани, го изјави тогашниот премиер и актуелен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, истиот ден кога Министерството за внатрешни работи го објави случајот „Пуч“ и […]

Судот до Јанева: „Пуч“ досега се одложуваше на Ваше барање

ноември 1, 2016

Од вкупно 10 рочишта, колку што досега беа одржани за случајот „Пуч“, шест биле одложени поради отсуство на обвинетите, три на барање на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и „само“ тоа на 16 септември било одложено поради болест на судија поротник, велат од Кривичниот совет, по денешното повторно одложување на судењето. „За да не дојде до […]

Денеска нов обид за почеток на судењето за случајот „Пуч“

ноември 1, 2016

Денеска во Кривичниот суд во Скопје треба да се одржи рочиште од судскиот процес за случајот „Пуч“, во кој меѓу обвинетите се лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Зоран Верушевски. Тие се товарат за шпионажа, неовластено прислушување и за насилство врз претставници на највисоките државни органи. […]

Ноември ќе биде „најсудски“ месец во годината

октомври 27, 2016

Следниот месец во Кривичниот суд во Скопје се закажани и треба да се одржат рочиштата од судските процеси што предзвикуваат најголем интерес во јавноста, меѓу кои судењето за „Пуч“, за настаните во Општина Центар од јуни 2013 година, за „Диво Насеље“ итн. Речиси сите судења се за случаи кои имаат директна или индиректна врска со прислушуваните […]

Кривичниот суд до Јанева: Ние одлучуваме кои сведоци ќе бидат повикани, а не обвинителот

септември 16, 2016

Судот е тој што одлучува дали и кои сведоци ќе бидат повикани, а не обвинителот, стои во реакцијата на Основниот суд Скопје 1 на денешните изјави на Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, која рече дека судот неоправдано го одолговлекува судењето за случајот „Пуч“ и не му доставува покана на единствениот сведок (Никола Груевски н.з.). Од […]

Јанева: Судот неоправдано го одложува „Пуч“ и не му доставува покана на Груевски

септември 16, 2016

Денешното рочиште за случајот „Пуч“ е одложено поради, како што соопштија од Кривичниот суд, неприсуството на еден од поротниците. Ова е официјалното образложение на судот за одложувањето на денешното рочиште, кое е презакажано за 1 ноември. Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, која го застапува обвинението за овој предмет, изјави дека судот неоправдано го одложил денешното рочиште […]

Клучна недела за СЈО: В четврток нов извештај, в петок судење за „Пуч“

септември 11, 2016

Неделава, според досега најавената агенда, се закажани два клучни  настани поврзани со работата на Специјалното јавно обвинителство. Првиот е поднесувањето на новиот шестмесечен извештај за работата на СЈО, на 15 септември, а вториот е закажаното рочиште во Кривичниот суд за случајот „Пуч“, следниот ден. Јанева вториот извештај ќе го поднесе на годишнината од нејзиното назначување за […]

Страна 1 од 3