fbpx

Собранието ненадејно закажа седница за 17 часот

-

Собранието на Република Македонија ненадејно, за 17 часот, закажа седница на која на дневен ред ставени се три закони. Прва точка е предлог-закон за дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, по скратена постапка, втора точка е предлог-закон за изменување и за дополнување на Законот за извршување на санкциите, по скратена постапка, и трета точка е предлог-закон за изменување и за дополнување на Законот за јавнообвинителска служба, по скратена постапка.

Иако ја нема на дневен ред, на оваа Собраниска седница, според неофицијални информации можно е тој да биде дополнет со оставката на премиерот Никола Груевски, кој во петокот ја достави до претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...