вторник, 19 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: дневен ред | 25 резултати

Собранието на 4 септември ќе решава за огласот за нов државен јавен обвинител

август 24, 2017

Предлогот на Владата за распишување на оглас за именување на нов државен јавен обвинител е ставен на дневен ред на првата наредна седница на Собранието, закажана за 4 септември. Како што може да се види од најавата за седницата, на интернет страницата на Собранието, предлогот е 11. точка од дневниот ред на седницата. Според постапката […]

На дневен ред на седницата на Владата ги нема Србија и изборот на нов Јавен обвинител

август 22, 2017

Владата на денешната 24. седница по ред ќе расправа по вкупно 66 точки, колку што се наведени во најавата објавена на нејзината официјална интернет-страница. Меѓу темите на дневен ред се предлогот за измени на Законот за внатрешни работи, предлог закон за ратификација на Договорот од Париз за климатските промени и годишни извештаи на државни институции. […]

Владата останува на својот став и нема да расправа за случајот со Србија на седница

август 22, 2017

Владата на денешната седница нема да расправа за дипломатскиот инцидент со Србија, која пред два дена го повлече целокупниот персонал од својата амбасада во Скопје, на консултации во Белград, поради, како што изјавија од српското раковдство „офанзивните разузнавачки активности во Македонија против Србија“. Од Владата за „Мета“ велат дека случувањата со Србија не се на […]

Собранието денеска паузира, откако вчера го разреши Зврлевски

август 18, 2017

Пратениците во Собранието на Република Македонија денеска ќе одмораат, откако вчера помина гласањето за разрешување на, сега веќе, поранешниот државен јавен обвинител, Марко Зврлевски. Според келендарот на интернет-страницата на Собранието, „за денеска нема закажано пленарни седници и седници на работни тела“. Вчера на дневен ред беа преостанатите точки од петтата, шестата и осмата седница, но, […]

Џафери: ВМРО-ДПМНЕ ја блокира работата со 30 реплики за отсутниот Артан Груби

август 9, 2017

Во двете продолженија по блокадата на собраниската говорница околу пладне, дебатата за предлогот на Владата за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски мина  во посмирен дух. И во двете продолженија Илија Димовски процедурално реагираше да се прекине расправата додека не се добие мислењето од Комисијата за спречување на корупцијата дали може да продолжи постапката за […]

Продолжува расправата за ребалансот на буџетот

јули 25, 2017

Во Собранието на Република Македонија денеска работат две комисии. Комисијата за финансирање и буџет седми ден расправа за ребалансот на буџетот за 2017 година, а на дневниот ред на нејзината седница е и предлог-закон за дополнување на Законот за извршување на буџетот на Република Македонија за 2017 година, по скратена постапка. Комисијата за труд и […]

Уставниот суд в среда ќе расправа за продолжување на мандатот на градоначалниците

мај 4, 2017

Уставниот суд на Република Македонија в среда, на 10 мај, сепак, ќе ги разгледува иницијативите за укинување на два члена од Законот за локална самоуправа и од Изборниот закон со што ќе се овозможи градоначалниците и советниците да останат на своите функции до одржувањето на локалните избори. Имено, судот денеска соопшти дека со две нови […]

Пратениците поделени околу членовите на Комисијата за избори и за именувања

март 29, 2017

На денешното трето продолжение на конститутивната седница на Собранието, пратениците малку дебатираа за единствените точки на дневниот ред – избор на членовите и на претседателот на Комисијата за избори и за именувања. Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, истакна дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ „делат лекции кој треба да биде избран за член на комисијата, а не […]

Со половина час доцнење, почна второто продолжение на конститутивната седница

март 28, 2017

Со половина час доцнење, почна второто продолжение на конститутивната седница на Собранието, на која прва точка на дневен ред е изборот на претседател, членови и нивни заменици на Комисијата за избори и за именувања, а втора точка е изборот на претседател на Собранието. Вчера претседавачот Трајко Вељаноски ја прекина седницата во 18 часот, иако пратеникот […]

Талески да се откаже од снимањето на филмот или да си го плати од свој џеб, бара битолската опозиција

март 10, 2017

Градоначалникот на Битола, Владимир Талески, да се откаже од снимањето на филмот за „глорификација на неговата работа во изминатите три градоначалнички мандати“, побара денеска опозицијата на почетокот на седницата на Советот на Општина Битола. Бидејќи вчера заврши огласот за прибирање понуди за снимање документарен филм за развојот на Битола во периодот 2005-2017 г., во вредност […]

Денеска ќе се конституира деветтиот собраниски состав

декември 30, 2016

Собранието на Република Македонија денеска во 13 часот ќе ја одржи конститутивната седница на новиот состав, на која треба да бидат верифицирани мандатите на новоизбраните пратеници и да биде избран новиот претседател на законодавниот дом. Конститутивната седница во средата ја свика претседателот на Собранието во заминување, Трајко Вељаноски, веднаш откако Државната изборна комисија (ДИК) им […]

Наместо денеска, Уставниот суд ќе одржи седница в понеделник да се прости со Гошева

октомври 26, 2016

Наместо во вообичаениот термин (секоја среда во 9 часот), Уставниот суд ја закажа следната седница за разгледување на иницијативи за понеделник, 31 октомври. Официјално не е познато зошто е оваа рокада во термините, но извесно е дека седницата е закажана за понеделник, на последниот ден од мандатот на актуелната претседателката на Уставниот суд, Елена Гошева. […]

За иницијативите за распуштање на Собранието, пратениците ќе расправаат в понеделник

октомври 12, 2016

Двете предлог-одлуки за распуштање на Собранието, кои утринава ги поднесоа СДСМ и Демократскиот сојуз, веќе се ставени на дневен ред на пленарна седница. Двете точки, од кои право е барањето на Павле Трајанов од ДС, се ставени на дневен ред на седницата која е закажана за понеделник во 12 часот, веднаш по точката за донесување […]

Вељаноски има дури 10 дена да ја стави иницијативата за распуштање на дневен ред

октомври 12, 2016

Десет работни дена има претседателот Трајко Вељаноски за да свика седница и да го стави на дневен ред барањето за распуштање на Собранието. Утринава пратеничката група на СДСМ и пратеникот Павле Трајанов поднесоа барања за распуштање на Собранието. Координаторот на СДСМ, Горан Сугарески, рече дека во интерес на решавање на политичката криза, нивната партија сака […]

Крстот во Бутел, наместо законот за СЈО, на дневен ред на Уставниот суд в среда

јуни 16, 2016

Иницијативата за оценка на уставноста на законот за Специјалното јавно обвинителство (СЈО), чие разгледување е едно од клучните барања на „Шарената револуција“, не е на дневен ниту на следната седница на Уставниот суд, закажана за 22 јуни. На агендата за следната седница на Уставниот суд, објавена денеска, на дневен ред повторно ќе биде иницијативата за […]

Одбројувањето не го премислува Уставниот суд за СЈО

јуни 14, 2016

Уставните судии речиси со сигурност на утрешната седница нема да ја разгледуваат иницијативата за уставноста на законот за Специјално јавно обвинителство, што е едно од клучните барања на граѓаните, организирани околу граѓанската иницијатива „Протестирам“ и „Шарената револуција“. Од Уставниот суд за „Мета“ велат дека нема да има промена на дневниот ред на седницата закажана за утре, […]

Ако сака претседателката, Уставниот суд в среда може да расправа за законот за СЈО

јуни 10, 2016

Иницијативата за оценка на уставноста на Законот за Специјално јавно обвинителство, иако ја нема во веќе објавената агенда на Уставниот суд, сепак би можела да се најде на дневен ред на неговата следна седница, закажана за среда. Ова, како што велат за „Мета“ извори од Уставниот суд, зависи од судијата известител, кај кого е распределена оваа […]

Уставниот суд не го есапи ултиматумот на „Шарената револуција“

јуни 9, 2016

Уставниот суд денеска ја објави агендата за следната седница, која ќе се одржи в среда, а меѓу предложените точки што ќе бидат на дневен ред ја нема иницијативата за оценување на уставноста и на законитоста на Законот за Специјално јавно обвинителство. Произнесување на Уставниот суд за Законот за СЈО е едно од двете клучни барања на […]

ДИК за вечерва закажа седница

јануари 21, 2016

Државната изборна комисија (ДИК) за доцна попландево ја закажа седмата седница. На седницата, членовите на ДИК ќе расправаат по четири точки. „Државната изборна комисија, денеска, 21 јануари 2016 година, во 17.45 часот, во салата за состаноци ќе ја оддржи седмата седница со следниот дневен ред: предлог-извештај на Државната изборна комисија за преземените работи во согласност […]

Собранието ненадејно закажа седница за 17 часот

јануари 18, 2016

Собранието на Република Македонија ненадејно, за 17 часот, закажа седница на која на дневен ред ставени се три закони. Прва точка е предлог-закон за дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, по скратена постапка, втора точка е предлог-закон за изменување и за дополнување на Законот за извршување на санкциите, по скратена постапка, и трета […]

Страна 1 од 2