fbpx

Уставниот суд в среда ќе расправа за продолжување на мандатот на градоначалниците

-

Уставниот суд на Република Македонија в среда, на 10 мај, сепак, ќе ги разгледува иницијативите за укинување на два члена од Законот за локална самоуправа и од Изборниот закон со што ќе се овозможи градоначалниците и советниците да останат на своите функции до одржувањето на локалните избори.

Имено, судот денеска соопшти дека со две нови иницијативи ја проширува агендата за заедницата закажана за 10 мај, на која на дневен ред беа само две иницијативи за неактуелни прашања.

Како трета точка за среда е најавено разгледувањето на иницијативата за оценка на уставноста и на законитоста на член 35, став 1 и на член 49 од Законот за локалната самоуправа, член 16, став 1 и член 16, став 1 во делот „во првата половина во мај“ од Изборниот законик.

Оспорените членови 35 и 49 од Законот за локална самоуправа пропишуваат дека мандатот на советниците во општините и на градоначалниците трае четири години, додека со членот 16, став 1 од Изборниот закон е предвидено одржувањето на локалните избори да биде во првата половина на мај.

Четврта точка на дневен ред е иницијатива за оценка на уставноста и на законитоста на членот 8-а, став 1,2 и 3 и на членот 11, став 1,2 и 3 од Законот за спречување на корупција. Овие членови и ставови се однесуваат на располагањето со буџетските средства, испалата на субвенции, државни вработувања, почнување на градежни проекти со јавни финансии и сл., во период кога постои празнина во конституирањето на државните и на локалните власти.

Инаку, иницијативите за продолжувањето на мандатот на градоначалниците и на советниците беа поднесени кон средината на април, од страна на Министерството за локална самоуправа, Министерството за правда и од Светскиот македонски конгрес.

Локалните избори требаше да се одржат во првата половина на мај, т.е. или на 7 или на 14 мај, но поради блокадата на Собранието, истекоа сите рокови за распишување на локалните избори во предвидениот термин.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Задолжителна стерилизација, гробишта за миленици, полиција за животни – новиот предлог закон влезе во Собрание

Сопствениците на кучиња и мачки ќе бидат должни да ги стерилизираат своите миленици, освен во случај ако се регистрирани како одгледувачи или одгледувачници. Регистрираните одгледувачи и одгледувачници ќе бидат...