fbpx

Пратениците поделени околу членовите на Комисијата за избори и за именувања

-

На денешното трето продолжение на конститутивната седница на Собранието, пратениците малку дебатираа за единствените точки на дневниот ред – избор на членовите и на претседателот на Комисијата за избори и за именувања.

Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, истакна дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ „делат лекции кој треба да биде избран за член на комисијата, а не дебатират што 10 години поддржуваат власт која ги урна институциите во Македонија“.

„Вие воспоставувате правила и критикувате кој треба да биде член на Комисијата за избори и за именувања што е спротивно на законите и на уставните норми. Секој што е пратеник може да биде член и немате право да го ограничувате членството никому. Зошто некој што поддржувал злосторничко здружување и криминал може сè, а некој што го искористил демократското право на протест не може да членува?“, истакна Спасовски.

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ана Лашкоска, рече дека за Комисијата се предложени „луѓе кои со месеци ги уништувале државните институции, спомениците, Собранието и луѓе кои ќе го сотрат семето на ВМРО-ДПМНЕ, кое е во генот на секој Македонец“.

Пратениците и на оваа, како и на седниците изминатите два дена, повеќе дебатираа за платформата на албанските партии, како и за зачувување на унитарноста и на суверенитетот на државата.

Зијадин Села од Алијансата на Албанците рече дека стои на располагање да одговори на какво било прашање во однос на декларацијата на албанските партии и предложи СЈО да биде уставна категорија, да има специјален суд, сите пратеници да се откажат од имунитетот за да може да одговараат.

Села на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, му рече дека тој „нема проблем со идентитетот на народите“.

– Никогаш не сум рекол дека Македонците се геноциден народ, тоа го кажавте вие. Истиот проблем го имате и со Грција и со Бугарија, вие најмногу треба да нè сфатите во однос на прашањето за јазикот. Престанете со овој театар – рече Села.

Димовски нагласи дека со платформата не се решаваат туку дека се продлабочуваат проблемите и дека таа е потпишана од премиер на туѓа држава кој имал лични релации со Џорџ Сорос.

– Судирот кој ВМРО-ДПМНЕ го има со Еди Рама е поради неговата блиска релација со Џорџ Сорос и тој е единствениот премиер од Балканот кој бил на свадбата на неговиот син. Јас ви предлагам, да потпишеме декларација истите права што ги имаат Албанците во Македонија да ги имаат и Македонците во Албанија – рече Димовски.

Седницата ќе продолжи утре во 11 часот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...