fbpx

Крстот во Бутел, наместо законот за СЈО, на дневен ред на Уставниот суд в среда

-

Иницијативата за оценка на уставноста на законот за Специјалното јавно обвинителство (СЈО), чие разгледување е едно од клучните барања на „Шарената револуција“, не е на дневен ниту на следната седница на Уставниот суд, закажана за 22 јуни.

На агендата за следната седница на Уставниот суд, објавена денеска, на дневен ред повторно ќе биде иницијативата за оценка на уставноста и на законитоста на одлуката за поставување на 55-метарскиот крст во општина Бутел. Оваа точка беше пред уставните судии на седницата на 31 мај, но беше повлечена од дневниот ред од судијата известител Владимир Стојановски. Тој тогаш рекол дека иницијативата ќе биде вратена на дневен ред на некоја од наредните седници.

Одлуката за поставување на крстот во Бутел, кој предизвика тензии, кон крајот на февруари и на почетокот на март, е шеста точка на дневниот ред за среда следната недела.

Иницијативата за законот за СЈО, иако до последен момент се очекуваше да биде разгледувана на вчерашната седница, не се најде на дневниот ред на седницата на Уставниот суд, а од судот велат дека таа, како и сите други иницијативи, е распределена кај судија известител и дека јавноста ќе биде известена кога ќе се најде на дневен ред.

Произнесување на Уставниот суд за законот за СЈО е едно од двете клучни барања на граѓаните обединети од граѓанската иницијатива „Протестирам“ и од „Шарената револуција“ и на опозицискиот СДСМ.

Тие порачаа дека доколку нивните барања не бидат исполнети до 18 јуни, „граѓаните ќе ја земат правдата во свои раце и на свој начин“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...